Атлантик Група во првите девет месеци од 2014 година оствари 506.2 милиони евра приходи од продажба, што претставува раст од 2.7 проценти во однос на истиот период минатата година. Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 50.5 милиони евра и порасна за 0.7 проценти во однос на првите девет месеци од 2013 година, додека нето добивката по малцинските интереси изнесува 27.9 милиони евра што претставува раст од 8.2 проценти.„Во првите девет месеци од 2014. година Атлантик Група бележи раст во работењето со дополнително намалување на долгот и генерирање на стабилен паричен тек од оперативните активности. Иако делува во исклучително тешка макро- и микроекономска средина, компанијата го прошири своето дистрибутивно портфолио, воведе иновации во производното портфолио, во тек е изградбата на новиот производен погон за енергетски барови (во согласност со предвидените рокови) со истовремен фокус на систематско управување со ризиците. До крајот на годината очекуваме да продолжиме со успешната оптимизација на трошоците и да ги реализираме зацртаните цели за профитабилност.“, изјави Зоран Станковиќ, потпретседател на Групата за Финансии и Информатичка технологија.
Првите девет месеци од 2014 година беа одбележани со успешниот почеток на дистрибуцијата на палетата на производи на Унилевер (Knorr, Hellman's, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif и многу други) на пазарот во Хрватска и Словенија и изградбата на нова фабрика за енергетски барови Multipower од асортиманот на спортска и активна исхрана во Индустрискиот парк Нова Градишка. Во согласност со договорениот временски рок, завршена е изградбата на нов погон на површина од 6.000 квадратни метри, комплетно опремен со инфраструктура, инсталации и хортикултурно уредување. Кон крајот на септември, Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Атлантик Група потпишаа договор за кредитна линија во вредност од 10 милиони евра за инвестирање во изградба и опремување на оваа фабрика. Останатиот износ од 6 милиони евра до вкупната вредност на инвестицијата се финансираше со сопствени средства.
За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во првите девет месеци од 2014 година највеќе придонесоа Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 3,3 проценти, Стратешката бизнис област Спортска и активна исхрана со раст од 1,2 проценти, Стратешката дистрибутивна област Меѓународни пазари со раст од 4,2 проценти и почетокот на дистрибуцијата на принципалот Унилевер во Стратешката дистрибутивна област Хрватска и Дистрибутивната област Словенија. Кафето со 19,4 процентен удел во вкупните приходи од продажбата се истакнува како најголема поединечна категорија со 98 милиони евра приходи од продажба.
Гледано по пазари, најголем раст е остварен на пазарот во Словенија (раст од 19,8 проценти) што претставува 15,2 проценти од вкупните приходи од продажба. Пазарот во Хрватска има најголем удел во вкупните приходи од продажба со 25,7 проценти и оствари раст од 6,4 проценти. Пазарот во Русија и останатите земји од ЗНД остварија раст од 6,2 проценти и со тоа учествуваат со 5,9 проценти од вкупните приходи од продажбата во Групата.
Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 67,8 проценти, дистрибуцијата на прозиводи од принципалите со 18 проценти, фармацевтскиот ланец Фармација со 6,1 процент, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во Хрватска и странство учествуваат со 8 проценти во вкупниот приход од продажбата.„Во првите девет месеци од 2014. година Атлантик Група бележи раст во работењето со дополнително намалување на долгот и генерирање на стабиле