Во новиот број на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“ се објавени избрани песни преведени на англиски јазик и опсежна био-библиографија на македонскиот поет и академик Ристо Василевски.Академик Василевски е претставен во „Инчентин версис“ меѓу трите истакнати прилози објавени во новиот број, заедно со добитничката на наградата „Восхитувачки поет“, американската поетеса и професорка по креативно пишување на Универзитетот во Флорида, Сидни Вејд и со поетот Доналд Ревел, добитник на неколку угледни национални награди во САД како „Пушкарт“, „Гертруда Стајн“ и други, издвоен по избор на редакцијата.
„Инчентин версис“ е водечко индиско електронско списание за книжевност, кое првенствено е фокусирано на современата светска поезија. Главен уредник е еден од најафирмираните помлади индиски поети, Сонет Мондал, а гостин-уредник на овој број беше познатата американска поетеса и актерка, Хелен Кардона, која има магистрирано на Сорбона и минатата година ја доби наградата „Пинакл“ за најдобра поетска книга објавена двојазично во САД. Уредник-консултант од Македонија е поетот и книжевен критичар Јовица Тасевски-Етернијан.
Освен поезија, во новиот број на списанието се објавени и критички осврти, есеи и научно-истражувачки трудови.
Ристо Василевски е автор на дваесет и две поетски книги, две книги поезија за деца, два романа за деца во стихови и др. Добитник на повеќе значајни македонски, српски и меѓународни награди. Превел над 50 книги од македонската и српската литература на српски и македонски јазик и застапен е во голем број поетски антологии.Член е на Македонската академија на науки и уметности, Словенската академија за литература и уметност, Меѓународната асоцијација на писатели и публицисти, Друштвото на писатели на Македонија, Здружението на писатели на Србија и на Здружението на литературни преведувачи на Србија. Академик Василевски е претставен во „Инчентин версис“ меѓу трите истакнати прилози објавени во новиот број, заедно со добитничката на н