Поезија од Јовица Тасевски–Етернијан е објавена во новиот број на угледното американско списание „Езра“ што го издава Универзитетот „Роџер Вилијамс“.Препевот на англиски јазик на поезијата на Етернијан го направи една од најпознатите современи американски поетеси, Џудит Скилман.
„Езра“ е специјализирано списание за преводна литература, а главен уредник е проф. д-р Питер Томсон. Освен поезија од македонскиот поет, во овој број на списанието се објавени нови препеви на песни од класиците на европската поезија, Шарл Бодлер и Пол Селан, препеви на поезија од еквадорскиот поет Сантјаго Вискаино, добитник на Националната награда од Министерството за култура на Еквадор, преводи на раскази од една од најафирмираните и најнаградувани уругвајски авторки, Кристина Пери Роси, и од венецуелскиот писател Норберто Хозе Оливар, добитник на наградата за најдобар роман и др.
Јовица Тасевски–Етернијан е автор на шест поетски книги. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.Препевот на англиски јазик на поезијата на Етернијан го направи една од најпознатите современи американски поетеси, Џудит Скилман.
„Е