Златната митра на свети Kлимент Охридски, основоположник на МПЦ-ОА, чија вредност се проценува и до дваесет милиони долари, и која е однесена од бугарските окупатори за време на Првата светска војна од Охрид, со децении се чува во бугарскиот Национален и историски музеј, пишува Дневник.Освен неа, таму се и неговиот жезол, најден кај охридски Имарет во 1911 година, царските двери, плаштеницата на Андроник Палеолог, многу икони и други реликвии. Познато е дека черепот на св. Kлимент е во Грција. Истовремено, стотици ракописи и други предмети однесени од храмовите од територијата на денешна Р. Македонија се чуваат во други бугарски музеи, библиотеки и во други институции. Но, непроценливи артефакти има и во други земји – Србија, Грција, Русија, Полска, Италија, Ватикан, Германија, Велика Британија…, како резултат на нивното нелегално изнесување од наша земја. Наспроти ова, изминативе децении не се преземени речиси никакви чекори да се побараат вредните артефакти, кои сведочат за развојот на македонската духовна и друга култура на овие простори.
Експертите што се занимаваат со заштита на културно-историски добра истакнуваат дека таквите обиди се тешко остварливи. Особено зашто с` уште немаме точна евиденција што с` е однесено од Македонија, од кого, на каков начин и каде се наоѓа.
Прашањето за однесените реликвии излезе на виделина откако грчкиот весник „Kатимерини“ минатата недела ја пренесе изјавата на грчкиот митрополит на Драма, г. Павел, кој навести дека тие ќе направат с` да ги повратат „реликвиите украдени од бугарските окупаторски сили“ од манастирите во Серес и во Драмско и од други храмови во Источна Македонија и Тракија. Драгоцени артефакти од манастири во егејскиот дел на Македонија, исто така, се наоѓаат во софискиот Национален и историски музеј, а прашањето за нивното враќање досега не се поставувало поради „добрите дипломатски односи“ што ги имале Грција и Бугарија.
Дебарско-кичевскиот владика Тимотеј, од чија епархија бугарските окупатори однеле најголем дел од реликвиите со образложение да ги „заштитат од уништувањето“, ни изјави дека е песимист оти враќањето е можно.
– Ние точно знаеме што с` е однесено. Бугарската страна неколкупати изјавуваше дека биле „загубени на патот од Скопје до Ниш“, но потоа се видоа во нивните музеи. Значи тие се таму и прашањето за враќањето ја надминува нашата моќ како црква. Нам можат да ни го оспоруваат легитимитетот иако тие артефакти беа сопственост на цркви и манастири. Ова е проблем за кој треба да разговараат државите, а, познато е, кој еднаш зел, тешко враќа. Лично не верувам дека и на Грците ќе им успее да повратат нешто од Бугарија. Зошто, на пример, од Лондон не се враќаат артефактите во други земји – смета владиката.
Прашањето за враќањето на реликвиите што се одземени и однесени надвор од земјава е тешко остварливо и врз основа на меѓународното право. Правни конвенции врз основа на кои некоја земја би можела да побарува тоа што ~ е украдено се од понов датум и практично излегува дека преку судови може да се бара тоа што е одземено само по 2005 година. За она што е украдено пред еден век патот е многу потежок
– Ако се има уредна документација, постои можност да се побараат и стари реликвии. Но, тие барања треба да се добро аргументирани – каде се наоѓал предметот, кој го зел, каде е сега… Процедурата е тешка, но со истражувањата може да се дојде до податоци. Во сегашни околности наједноставен пат е преку билатерални договори на засегнати држави. Имаме примери кога на некои земји им се враќаат однесените предмети. За тоа треба да постои добра волја – наведува Јован Ристов, експерт за заштита на споменици од Управата за заштита на културно наследство.
Проблемот со враќањето на артефактите од Бугарија е дополнително оптоварен и со фактот што во таа земја тие предмети се сметаат за дел од бугарската духовна култура и наследство врз основа на нивната интерпретација на историските настани и случувања.
Новинарот и публицист Нове Цветановски, кој пред осум години објави книга во која првпат се посочени податоци за богатството однесено од Македонија, смета дека проблемот е што во земјава не се занимаваме премногу со ова прашање.
– До мојата книга во земјава не можеше да се најде податок што с` е однесено. Таква интегрална евиденција немаше ниту во тогашниот Републички завод за заштита на спомениците. За жал, и таа не е целосна и покрај сите мои истражувања бидјеќи тоа што го дознав е само дел. Инаку, искуството покажува дека реституцијата тешко оди. Уште потешко ако не се прави ништо – истакна Цветановски.
Митрата на охридските архиепископи вреди најмалку 20 милиони долари и е непроценливо духовно наследство.
ЈОВАН РИСТОВ: ПОСЛЕДЕН ОБИД ПРЕД 60 ГОДИНИ
Јован Ристов истакнува дека еден од последните обиди да се вратат реликвиите украдени од Македонија бил направен уште во далечната 1954 година. Тогаш, југословенскиот Секретаријат за надворешни работи побарал од македонски органи да му достават докази дека тие биле украдени од Македонија. Но, таквите докази не можеле да бидат обезбедени.
– Сега со истражувањата може да се дојде до податоците. Потребно е во земјава да постои посебна служба за реституција, која ќе има точна евиденција во која земја ни се наоѓаат конкретни предмети. Ако обезбедиме таква документација, може да се покрене постапка за враќање – смета тој.
ШТО НИ СЕ „ЧУВА“ ВО БУГАРИЈА, СРБИЈА, ГРЦИЈА…
Во Софија се наоѓаат:
– Украдени од охридската црква „Свети Kлимент“: златна митра на Свети Kлимент со бесценети камчиња, неговиот жезол, царски двери од црквата, плаштеница на Андроник Палеолог
– Од манастирот „Свети Наум“ – сребрена кутија со свети мошти од разни светители, две евангелија, позлатен путир, златна плаштеница…
– Од други цркви – сто икони извадени од црквата „Света Петка“ во с. Маловишта, 25 икони од манастирот „Свети Илија“ во Драгош, икони од селата Подмол, Новаци, Наколец…
– Златни маски од Требеништа
– Околу илјада вредни ракописи, речиси највредни кои ги имало во Македонија…
Србија
– Збирка од 30 вредни ракописи од Лесновски манастир и други цркви и манастири – Лешок, Kрива Паланка…
– Македонски ракописи се чуваат и во манастирот во Дечани
– Литиска икона на Богородица од 14 век
– Златни маски од Требеништа…
– Сите вредни откритија од периодот меѓу двете светски војни се однесени во Србија…
Грција
– Черепот на св. Kлимент
– Охридски повелби во манастирот Зограф
– Многу ракописи во други манастири на Света Гора
– Синајски псалтир, напишан во западна Македонија во грчкиот манастир „Света Kатерина“ на Синај…
Русија
– 130 ракописни книги во Петроград, 55 во Москва, 84 книги во руската академија на науките во Петроград…
Извор:Дневник
Освен неа, таму се и неговиот жезол, најден кај охридски Имарет во 1911 година, царските двери, плаштеницата на Андроник Палеолог, многу икони и др