Голем хуманитарен концерт за Боро Стаиќ

Црвениот Крст на град Скопје и други соработници организираат Голем хуманитарен концерт во Скопје на 03.04.2013 година. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро Стаиќ да го продолжи своето лекување.
На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: Нокаут, Леб и сол, Игор Џамбазов, Бени& Нон Стоп, како и танчери и ѕвезди од Танц со ѕвездите.
Генерални покровители на концертот се:
– Универзална Сала Скопје
– ИНФОМЕДИА Системи (професионална аудио, видео и светлосна опрема).
Боро Стаиќ има 18 години, но животот му е полн со неизвесност и тешки предизвици.
– Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.
Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме.
Цената на влезниците изнесува 500 МКД. Влезниците ке може да се купуваат од 15.03.2013 год. на продажните места на Купи Карти За Се или онлајн: https://kupikartizase.com/Events/humanitaren_koncert_za_boro Бидејќи заедно можеме повеќе !!!
ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:
Денарска сметка:
Сметка: 210-700000600857
Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ
Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје
Девизна сметка :
IBAN Code: MK07210501594890345
Name of account owner: Zoran Stajikj
Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje
SWIFT : TUTUNMK22
ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:
070/143-112
075/143-171
077/143-402
 Црвениот Крст на град Скопје и други соработници организираат Голем хуманитарен конц

Пронајдете не на следниве мрежи: