Велика Британија, а не Грција ќе ја напушти ЕУ

Велика Британија, а не Грција, би можело да биде првата земја што ќе ја напушти Европската унија(ЕУ), предупреди бриселскиот портал ЕУ Обзервер.

Порталот, во аналитичкиот текст, се повикува на најновото истражување на јавното мислење, кое покажува дека речиси половината (46 отсто) Британци би гласале против останување во ЕУ, додека значително поголем број сметаат дека оваа островска земја би имала повеќе штета отколку полза од досегашното членство.

Покрај тоа, повеќе од 80 отсто од анкетираните одлучно се противат на напуштањето на фунтата и влезот на Британија во еврозоната.

Иако и претходно анкетите даваа слични резултати, Еу Обзервер укажува дека заради променетите политички околности растат шансите во догледно време да се распише референдум кој најверојатно би резултирал со излез од ЕУ.

Порталот потсетува дека британскиот премиер Дејвид Kамерон за време на изборната кампања вети распишување референдум за останување во Унијата, но по изборите се откажа од тоа.

Но, должничката криза во ЕУ, како и навестувањата дека би можело да дојде до воспоставување на фискална унија и давање на Брисел поголеми овластувања над економиите на земјите членки, ја зајакна антиевропската струја во Конзервативната партија на Камерон, тврди порталот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: