Кумис важи за најдобар руски народен лек кој ја регенерира микрофлората на желудникот, па ви препорачуваме што побргу да го пробате следниот рецепт.Во една чаша зовриена топла вода растворете две лажици мед. Добро измешајте и ставете во голема тегла. Додадете 2 лажици кефир и еден литар млеко. Измешајте, покриете со два слоја газа и ставете го на топло место да отстои три дена. Потоа додадете едно лажиче сув квасец, измешајте и повторно покриете со газа.
Штом ќе забележите дека во теглата почанале да се создаваат меурчиња , кумисот е готов.
Ставете ја теглата во фрижидер и пијте по 0,5децилитри половина час пред јадење три пати на ден најмалку две недели.
Предупредување: Возачите не треба да пијат кумис пред да возат бидејќи содржи мала количина на алкохол.Во една чаша зовриена топла вода растворете две лажици мед. Добро измешајте и ставете во голема тегла. Додадете 2 лажици кефир и еден литар млеко.