Можеби е вистнското време за да се одлучите за природни решенија кои ќе се покажат како мошне ефикасни за Вашата кожа, а вашиот паричник да биде полн бидејќи состојките за приготвување на кремата може веќе да ги имате во вашиот дом.Истакнете ја вашата природна убавина со помош на овие едноставни маски за секој тип на кожа со која би се подобрило вашето лице, а најдобро од се е дека маската не содржи штетни состојки.
ЗА СУВА КОЖА
Две лажици мед се мешаат со една голема лажица јаболков оцет. Добро измешајте ги и оставете ги да дејствуваат 15-20 мин. После тоа измијте го лицето со млака вода. Медот делува како природен хидрант на Вашата кожа, ја освежува Вашата сува кожа, додека јаболковиот оцет го одржува нормално нивото на PH на Вашата кожа.
ЗА МРСНА КОЖА
Потребни Ви се 200 мл. јогурт и 100 мл. лимонов сок. Измешајте ги овие две состојки и нанесете ги на Вашето лице. Кога маската ќе се стврдне на Вашето лице, исплакнете ја со млака вода. Јогуртот ја спречува појавата на старечки дамки , а додека лимоновиот сок е одличен за спречување на појавата на акни.
ЗА НОРМАЛНА КОЖА
Потребни состојки се папаја и банана, се нанесуваат на лицето и се оставаат 20 мин. Оваа комбинација помага и за целосно чистење на кожата. Папајата помага во спречувањето на брчки и старечки дамки на кожата. Можете да користите лимонов сок за чистење на Вашето лице и да го ставите да дејствува 5 минути, а потоа да го исплакнете со млака вода и да го исушите лицето со нежни допири со пешкир.Истакнете ја вашата природна убавина со помош на овие едноставни маски за секој тип на кожа со која би се подобрило вашето лице, а најдобро од се е