Мојот 6- месечен син пред сите доктори забележа дека имам рак на дојка

Сара Боил (26) тврди дека нејзиниот 6- месечен син Теди „ѝ го спасил животот“ откако ѝ помогнал да воочи дека боледува од рак на дојка.Според зборовите на Боил , бебето во еден момент почнало да ја одбива храната кога сакала до го дои од десната дојка. Кога тоа однесување продолжило, Боил тврди дека неговото одбивање на храната ја натерало да побара скенирање на бенигната циста која претходно ѝ била пронајдена.
Боил моментално прима терапија за втор стадиум тројно негативен рак на дојка.
Постојат одредени анегдотални докази дека бебињата можат да воочат промена на дојката, но   медисинската пракса таа појава се уште не ја признава како знак дека жената боледува од рак на дојката.
Боил рекла дека нејзиниот син, сега стар скоро година дена, „реагирал одлично“ на доењето, но дека неговото однесување минатото лето се променило. Се обидела да го дои својот син во неколку различни позиции и почнала да се плаши дека можеби нешто не е во ред со неговиот врат. Боил сега мисли дека млекото од нејзината десна дојка имало поинаков вкус.
„Стана многу несреќен и дури протестираше. Срцето ми се скрши кога мојот син почна така да ме одбива“, рекла Боил.

 
На Сара Боил во 2013 година ѝ била пронајдена бенигна циста во десната дојка. Кога побарала повторно да ја скенираат ѝ било кажано да не се грижи. Но, кога однесувањето на Теди продолжило, Сара забележала дека нејзината циста пораснала и станала поболна и дека се променил изгледот на нејзината дојка.
Кога повторно се скенирала и кога направила биопсија било потврдено дека боледува од рак.
Боил момнтално прима терапија. Оваа млада мајка ја очекува двојна масектомија и реконструкција. Нејзиниот син, сопругот и остатокот од семејството ѝ помагаат во овие тешки моменти.
„Никој не може да каже дека тоа беше Теди, но она што секако знам е дека селдната година ќе беше многу поинаква доколку ги слушав докторите а не Теди. Поради него сега се лечам“, рекла Боил.Според зборовите на Боил , бебето во еден момент почнало да ја одбива храната кога сакала до го дои од десната дојка. Кога тоа однесување продолжил

Пронајдете не на следниве мрежи: