Келнерот Бен Милер (22) од Тексас добил бакшиш од 750 долари од гостинот на кој му спомнал дека не го видел своето семејство во Северна Ирска повеќе од две години.Тој за „Еј-Би-Си Њуз“ изјавил дека големиот бакшиш му го оставил маж по име Џефри кој дошол на вечера со неговото семејство и дека кратко поразговарале.
Џефри му рекол дека често ја посетува Ирска, а Милер тогаш му споменал дека со задоволство почесто би го гледал своето семејство кое е таму. Милер цела вечер го послужувал семејството на Џефри, а откако заминале имал што да види – му оставиле бакшиш од 750 долари и порака на сметката.
– Се надеваме дека со ова ќе можеш да стигнеш во Ирска за празниците – пишувало во пораката.
Милер изјавил дека бил во шок поради нивниот великодушен бакшиш и дека веднаш пораката му ја покажал на својот колега, кој признал дека за 11 години стаж никогаш не добил толку голем бакшиш.
Тој за „Еј-Би-Си Њуз“ изјавил дека големиот бакшиш му го оставил маж по име Џефри кој дошол на вечера со неговото семејство и дека крат