Измачуван, затворaн и тепан за идејата за самостојна Македонија.Битолчанецот Крсте Велјанов е симбол на тортурата што ја трпел македонскиот народ при намерата да се избори за својата независност, а години подоцна и да биде следен, прислушуван од страна на Властите кои ваквите борци за слобода ги сметале за опасност по безбедноста на земјата.
Неговата сторија ја раскажа неговиот син Зоран Велјанов, кој рече дека приказната и страдањата на татко му не можат да биде раскажани во неколку реченици.
Идеите на ВМРО, вели , се фамилијарно наследство. Уште неговиот пра-пра дедо држел говор за републиканското уредување на крушевската република, а и неговиот дедо бил поборник на истата идеологија. Помеѓу вечната желба на Македонецот за самостојнот, татнежот од минатото и историските страдања, започнува еден живот достоен за филмско дело, животот на неговиот татко.
Зоран додава дека во затворот во Идризово се убивале луѓе или биле доведени до состојба на изгладнетост и туберколоза. Тој зборува дека малку се знае за оние кои биле погребувани во коритото на Вардар и на кои и ден денес не им се знае гробот.
Маките на неговиот татко Крсто продолжуваат и по излежувањето на затворската казна. Иако успеал да се вработи како банкар и чесно да заработува за својот живот, во меѓувреме за него се водело политичко досие, коешто самото по себе е еден цел сплет на оперативно-технички мерки што се применуваат за ваквите лица.
Досието што го имам од 900 страни, вели ја одразува целата генеза на една национална мисла. Досието кое биточанецот го држи во рацете и го чува како наследство од едно време говори повеќе од сите учебници по историја. Истото во прво лице ги доловува судбините на едни луѓе кои што целиот живот се бореле за самостојна и обединета Македонија, цел која што Зоран вели е постигната по референдумот во 1990 година, ни порано, ни подоцна.
Битолчанецот Крсте Велјанов е симбол на тортурата што ја трпел македонскиот народ при намерата да се избори за својата независност, а години подоцн