Михаил Литвак е еден од најпризнатите светски психолози на денешнината. Овие 20 совети, иако се кратки, ако навистина ги разберете и примените во вашиот живот, за вас нема да постојат пречки.Д-р Литвак има развиено систем што тој го нарекува „психолошко аикидо“ и самиот тој прв го применил.
Овие 20 работи можат да станат моќно психолошко оружје во вашите раце
1. Ако човек нема што добро да се каже за себе, a сака нешто да каже, тој ќе зборува лошо за другите луѓе.
2. Загризете во науката (знаењето), која е направена од гранит, а не во вратот на својот сосед, ако веќе сакате да гризете.
3. Депресијата е дадена на човекот да се замисли над себе.
4. Никој не отфрла никого, само некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Оние кои заостануваат мислат дека се отфрлени.
5. Ако мислите добро за себе, зошто ви е потребно и другите да мислат добро за вас?
6. Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!
7. Способноста да сакате и добро да ја поднесувате самотијата е знак на духовна зрелост. Всушност, најдобро функционираме кога сме сами.
8. Незрелата личност често има знаење, но не знае како да го примени, а зрелата личност има знаење и умее како да го примени. Затоа, незрелите луѓе ги критикуваат другите, додека зрелите делуваат.
9. Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – тоа е желбата на сите да им се допаѓаме.
10. Не постои машка или женска логика, само способност или неспособност да мудро промислуваме.
11. Ако сакате да го запознаете својот најголем непријател – погледнете во огледало. Кога ќе се соочите со него, сé останато лесно ќе победите.
12. Постигнете успех и сите навреди ќе исчезнат.
13. Пријатно е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.
14. Постои само една добра причина да ја прекинете вашата врска со некој или да прекинете работен однос – неможноста за личен раст во овие услови.
15. Својата радост треба да ја делите и со вашите пријатели и непријатели. Пријатели ќе бидат среќни, а непријателите вознемирени.
16. Не трчајте по среќата и ќе ја најдете на местото каде што престојува. Среќата ќе ве најде вас. Можам да ви кажам едно место каде што таа се наоѓа – во вас. Патот до ова место е развојот на своите вештини до максимум.
17. Среќата е нус-производ на добро организирано делување.
18. Ако сакате да докаже нешто на некој, тоа значи да живеете за тоа лице. Но, ако живеете за себе, тогаш не мора ништо да докажувате на никој.
19. Фантазиите се гласот на нашите способности. На пример, јас фантазирам да пеам во опера, а немам ниту глас ниту слух, тешко дека ќе стигнам до операта. Но, ако фантазирам за нешто што е повеќе во согласност со моите способности, ќе ги постигнам своите соништа прилично брзо. Добро е кога човек може да си каже – се занимавам само со обидите да ги исполнам своите соништа.
20. Подобро е да се комуницира со добра книга отколку со празен човек.Д-р Литвак има развиено систем што тој го нарекува „психолошко аикидо“ и самиот тој прв го применил.
Овие 20 работи мож