Дури и целосно да се повлечат симптомите за мозочен удар, лицето сепак треба итно да оди во болница. Симптомите кои што исчезнуваат брзо (во период од 24 часа), можат да значат дека лицето доживеало „мини мозочен удар“ по кој и понатаму постои шанса за сериозен мозочен удар во блиска иднина.Препознајте ги симптомите на мозочен удар
Симптомите и сигналите на мозочниот удар варираат до човек до човек, но најчесто се појавуваат неочекувано. Различни делови од мозокот контролираат различни делови од телото, па симптомите ќе зависат од тоа кој дел од мозокот е зафатен од ударот.
Главни симптоми на мозочен удар
– трнење, слабост на лицето, рацете или нозете. Посебно ако е зафатена една страна од телото
– нарушување во говорот: отежнато и неразбирливо изговарање на зборови, неможност за изговарање зборови и/или отежнато нагло замаглување или губење на видот, посебно на едно око или во половина на видното поле
– нагло настаната силна главоболка проследена со повраќање без јасна причина
– губење на рамнотежа и/или координација, поврзани со други симптоми
– несигурност и занесување при движење, ненадејни паѓања поврзани со други симптоми.
Важно е да се запомнат симптомите, посебно ако живеете со лице кое спаѓа во ризична група (боледува од дијабетес или висок крвен притисок).
Останати можни симптоми: комплетна парализа на една страна од телото, вртоглавица, збунетост, тешко разбирање на туѓ говор, тешкотии при голтање, губење свест…
Исхемиски мозочен удар (мини мозочен удар)
Симптомите на мини мозочниот удар се идентични, само што обично траат неколку минути до неколку часа. Иако симптомите исчезнуваат, овој вид удар не смее да се игнорира бидејќи претставува сериозно предупредување на проблеми со доток на крв во мозокот и често се знак за посилен мозочен удар.Препознајте ги симптомите на мозочен удар
Симптомите и сигналите на мозочниот удар варираат до човек до човек, но најчесто