Вообичаена реакција на телото при топло е потењето.Кога температурата на телото се зголемува, хипоталамусот го активира потењето. Така организмот се ослободува од вишокот топлина, и отровите.
Потта сама по себе нема мирис, но ако дојде во контакт со бактерии на површината на кожата, почнува да се разградува и настанува непријатен мирис.
Сигурно ви се случува, веднаш по туширањето да се испотите и тоа е нормално.
Потењето е зголемено, доколку водата е потопла или поладна од температурата на воздухот.
Затоа, да го спречите потењето по туширање, не користете ладна вода, бидејќи дополнително го зголемува.
Туширајте се само со млака вода и користете сапуни со благо кисели ПХ вредности, бидејќи тие спречуваат развивање на бактерии на површината на кожата.
Избришете се со памучна крпа, која добро впива и погрижете се ниту еден дел од телото да не остане вчажен, особено препоните и пазувите.Кога температурата на телото се зголемува, хипоталамусот го активира потењето. Така организмот се ослободува од вишокот топлина, и отровите.