Фото: Лицето на една сексуална робинка на ИСИС

„Девица, преубава. Стара 12 години…нејзината цена достигна 12.500 долари и наскоро ќе биде продадена“.Огласот на апликацијата Telegram app е застрашувачки: Девојка за продажба е опишана како „Девица. Убава. Има 12 години… Нејзината цена достигна 12.500 долари и наскоро ќе биде продадена“.
Огласот на арапски јазик се појавил во шифриран разговор заедно со реклами за мачки, оружја и тактичка опрема. Тој е објавен на The Associated Press од активист од заедницата Јазиди, чии жени и деца се држени како сексуални робови од страна на екстремистите.
И додека Исламската држава ја губи територијата во самопрогласениот калифат, оваа терористичка организација ја затегнува контролата врз околу 3.000 жени и девојки кои ги држи како сексуални робови.
Во комбинација на исконските варварски обичаи и модерната технологија, ИСИС ги продава жените преку апликации на паметните телефони и споделува дата бази кои содржат нивни фотографии и имиња на нивните „сопственици“ за да се спречи нивното бегство преку контролните пунктови на ИСИС.
Илјадници жени и деца Јазиди се земени како заробеници во август 2014 година кога џихадистите од ИСИС ги зазедоа нивните села во северниот дел од Ирак со цел да го елиминираат курдското малцинство поради нивната античка вера.
Мирза Данаи, основач на германско – ирачката организација за помош Luftbrucke Irak, вели дека во последните два или три месеци, бегството на овие заробеници станало многу тешко и опасно.
„Тие го регистрираат секој роб, секоја личност кај својот сопственик, па така ако девојката избега, секоја контрола или контролен пункт на ИСИС, сите безбедносни сили – тие знаат која е таа девојка и дека избегала од нејзиниот сопственик“, вели тој.

 
ИСИС се потпира на шифрираните апликации за да ги продава жените и девојките, според активист кој ги документирал трансакциите и замолил да остане анонимен поради неговата безбедност, пишува New York Post.
Активистот и` ги покажал на агенцијата АП преговорите за затворениците во шифрирани разговори, како што тие се случувале во реално време.
Постовите се појавувале најпрво на Телеграм, а потоа и во помала мера на Фејсбук и WhatsApp.
Ламија е една од девојките кои успеале да избегаат. Таа се обидела да избега два пати, неуспешно, и била повторно фатена, претепана и константно силувана од нејзиниот „сопственик“.
При бегството налетала и на мина која при експлозијата убила две девојки стари 8 и 20 години. Ламија ослепела на десното око и добила лузни на целото лице.
Потоа, нејзиниот вујко им платил на локални криумчари 800 долари за да го организираат бегството на Ламија и за среќа успеале во тоа. Сега таа повторно ќе се сретне со нејзиното семејство во Германија, но и покрај се`, вели дека нејзиното срце ќе остане во Ирак.Огласот на апликацијата Telegram app е застрашувачки: Девојка за продажба е опишана како „Девица. Убава. Има 12 години… Нејзината цена дост

Пронајдете не на следниве мрежи: