Научниците открија „прекинувач“ во мозокот за контрола на апетитот!

Најново истражување укажа на откривањето на „прекинувач“ во мозокот кој може да помогне при контролирањето на апетитот. Воедно, тоа би можело да претставува објаснување зошто на некои луѓе им е тешко да престанат со јадење иако се сити.Истражувачите веруваат дека нивото на шеќер во крвта влијае на „палењето и гасењето“ на „прекинувачот“ при консумацијата на оброк. Кога ќе се запали, луѓето почнуваат да се чувствуваат сито и престануваат со јадење. Меѓутоа, кога прекинувачот не работи, односно кога е „изгасен“, доаѓа до прејадување и дебелеење.
Ова откритие е дел од големо истражување за контрола на апетитот и за тоа како хормоните и мозочната активност се клучни при одредувањето на гладот, копнежот по храна и прејадувањето.
Научниците го открија прекинувачот за апетитот додека ја проучувале силата на врската помеѓу нервните клетки во мозоците на лабораториските глувци.
Поточно, сакале да откријат што би се случило кога ензимот наречен ОГТ намерно ќе се исфрли од одредени делови од глувчешкиот мозок. ОГТ е познат по тоа што е дел од многу аспекти на метаболизмот, вклучувајќи ја и употребата на инсулин и глукоза во крвта – кој може да се зголемува во текот на оброкот или по пиењето слатки пијалаци. Една од функциите на овој ензим е додавањето на хемиски деривати на глукоза кон протеините, а воедно тоа претставува важен начин за контрола на апетитот.
Кога научниците го избришале генот за овој ензим кај глувците, нивните килограми двојно се зголемиле и тоа за само две недели.
„Тие глувци едноставно повеќе немаа чувство дека се сити и продолжуваа да јадат“ – изјавил Олаф Лагерлоф, истражувач од медицинскиот факултет Џин Хопкинс.
Научниците откриле дека од моментот кога ОГТ повеќе не функционира во одреден вид на нервни клетки во хипоталамусот, глувците не знаат дали треба да престанат со јадење, што доведува до таложење на масти и масни наслаги.
„Генот за ОГТ ја регулира рамнотежата на ефектот за ситост. На пример, кога вештачки би се зголемила активноста на овој ген би можеле да направиме гладен глушец едноставно да престане да јаде“ – изјавил проф. Ричард Хуганир.
„Многу е веројатно истиот механизам и вид на клетки да се наоѓаат и кај луѓето, односно во човечкиот мозок и дека на тој начин и кај луѓето може да се контролира апетитот, но неопходни се понатамошни истражувања за да се потврди тоа“ – заклучил Хуганир.Истражувачите веруваат дека нивото на шеќер во крвта влијае на „палењето и гасењето“ на „прекинувачот“ при консумацијата на

Пронајдете не на следниве мрежи: