Оние мали шкрткања или цртежи, кои несвесно ги правиме додека разговараме со некој преку телефон, или кога ни е досадно, можат да откријат многу за нашата личност.Кога цртаме, пенкалото го контролира нашиот потсвесен ум, кој ги чува нашите мисли и тајни и го контролира нашето однесување. Токму тие навидум бесмислени цртежи, имаат свое значење.
Фигури на луѓе
Доколку цртате луѓе, веројатно се чувствувате несигурни и беспомошни, или се трудите да избегнете некои одговорности.
Очи
Цртежите на очи ја претставуваат личноста која ги црта. Големите очи претставуваат дружељубива личност, затворените очи може да значат дека одбивате да се погледнете себеси во вистинско светло.
Вашиот потпис
Доколку го шкрткате вашиот потпис, тоа кажува дека сте себични и арогантни.
Кругови
Кружните форми, значат дека имате потреба од единство. Ако несвесно цртате кругови, тоа веројатно значи дека имате потреба од пријател или внимание.
Животни
Видот на животното кое го цртате, зборува за вашата моментална емоционална состојба. Тигар или волк, открива поттиснат гнев, верверица значи дека дека имате потреба од грижа или внимание, лав, ако се чувствувате супериорни.
Спирали, кружни форми и брановидни линии
Проблемите на другите луѓе не ве засегаат. Исто така можеби доживувате мала емоционална криза.
Геометриски фигури
Јасно имате зацртано цели и верувања и ретко го задржувате мислењето за себе. Тврдоглави сте и упорни.
Ѕвезди
Сакате да бидете во центарот на вниманието.
Цветови, облаци и сонце
Ова укажува дека сте задоволни и дека фантазирате за добрите работи кои ве очекуваат во иднина. Овие цртежи го откриваат вашиот позитивен став.
Крстови
Крстовите може да значат дека се чувствувате виновни, или се окивувате себеси за вашите грешки.Кога цртаме, пенкалото го контролира нашиот потсвесен ум, кој ги чува нашите мисли и тајни и го контролира нашето однесување. Токму тие навидум бес



