Свештеник од Масачусец, кој бил клинички мртов дури 48 минути пред да го реанимира екипата на итна медицинска помош, изнел тврдење кое ќе промени се во што христијаните веруваат.Џон Мајкл О`Ниал, 71- годишен свештеник, тврди дека во тие 48 минути отишол во рајот и таму го запознал Бога, кого го опишува како „топла и утешна мајчинска фигура“
О` Ниал итно бл префрлен во болница на 29 јануари по тежок срцев удар, а набрзо по доаѓањето во болницата бил прогласен за клинички мртов. За среќа докторите успеале да го вратат во живот. Тие се плашеле дека долготрајната клиничка смрт ќе остави последици на неговиот мозок, но се чини дека свештеникот успешно закрепнува.
Тој тврди дека јасно се сеќава на тоа што се случило додека бил клинички мртов. Го опишал необичното вонтелесно искуство, интензивното чувство чувство на неизмерна љубов и прифаќањето кое го почуствувал додека го опкружила светлост. Тврди дека во тој ист момент заминал во рајот и се сретнал со Бога, кој го опишува како женско, мајчинско „битие на светлоста“.
„Нејзината присутност беше неверојатна и утешна. Имаше мек и нежен глас, а нејзината присутност беше охрабрувачка како мајчина прегратка. Фактот дека Бог е Света Мајка наместо Свет Татко воопшто не ми пречи, напротив таа е се што се надевав дека ќе биде, дури и повеќе од тоа“, рекол О`Ниал.
Неговите изјави предизвикаа вистинска мешаница меѓу свештениците на локалните надбискупии, поради што надбискупот морал да повика конференција за медиумите. Иако неговите надредени негодуваат, О`Ниал тврди дека ќе продолжи да го шири зборот „Света Мајка“.
„Сакам да продолжам да проповедам. Сакам да го делам своето ново сознание за Мајката, Синот и Духот светсо сите католици. Бог е голем и семожен и покрај тоа што е жена“, тврди свештеникот.
Римокатоличката надбискупија Бостон не потврдила дали ќе му дозвли на овој свештеник да продолжи да проповеда на југот од Бостон.
Џон Мајкл О`Ниал, 71- годишен свештеник, тврди дека во тие 48 минути отишол во рајот и таму го запознал Бога, кого го опишува како „топла и у



