Ужасната епидемија со вирусот „Жика“, кој го деформира изгледот на новороденчињата достигна такви размери што може да го загрози одржувањето на Олимписките игри.Ужасната епидемија со вирусот „Жика“, кој го деформира изгледот на новороденчињата достигна такви размери што може да го загрози одржувањето на Олимписките игри.
Бразил стана епицентар на болеста, која загрижувачки брзо се шири, а последиците се страшни.
Жоао Безер (46) најдобро ја разбира опасноста од овој вирус. Неговата млада ќерка Алис беше една од околу 4.000 бебиња родени со последиците од вирусот „Жика“. Најлошата од нив е микроцефалија во која черепот на детето е помал 32 сантиметри од нормалните. Овој деформитет на мозокот на детето не остава простор да расте и тоа останува со пречки во развојот.
Вирусот за прв пат беше забележан во Уганда, пред 40 години, а сега во Бразил се појави во најкритичниот момент, во пресрет на Олимписките игри.
Жените кои се на возраст кога можат да имаат деца, се предупредуваат за опасноста од вирусот „Жика“.
Русија и Австралија се плашат за здравјето на своите спортисти, а многу бремени жени се откажале од патувањето во Јужна Америка, особено во Бразил.
Властите прават се за да го решат вирусот кој го пренесуваат комарците. Опасноста е уште поголема, бидејќи експертите укажуваат на ширење на болеста, која ако прерасне во пандемија, може да доведе до инфекција на околу четири милиони луѓе.
Во моментов не постои вакцина која би можела да ги ублажи ефектите од овој вирус.
„Значајно е тоа што ја губиме борбата со оваа болест“, изјави Марсело Кастро, министер за здравство на Бразил.
Главната надеж на претставниците на Бразил за борба против вирусот е да сметаат на еден фактор врз кој тие немаат контрола – промената на временските услови.Ужасната епидемија со вирусот „Жика“, кој го деформира изгледот на новороденчињата достигна такви размери што може да го загрози одржув



