МОЖНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Вирусот „Жика“ се шири со голема брзина!

Вирусот „Жика“, кој го пренесуваат комарци, експлозивно се шири, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација, Маргарет Чан и за 1 февруари, свика итен состанок посветен на оваа епидемија.Вирусот „Жика“, кој го пренесуваат комарци, експлозивно се шири, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација, Маргарет Чан и за 1 февруари, свика итен состанок посветен на оваа епидемија.
На овој состанок ќе се одлучи дали да биде прогласена вонредна состојба во меѓународни рамки, рече Чан на состанокот на Светската здравствена организација денеска во Женева, соопшти агенцијата АФП.
Шефицата на СЗО наведува дека, иако не постои дефинитивен доказ дека вирусот „Жика“ е одговорен за големиот пораст на бројот на случаи на раѓање на деца со сериозни оштетувања на мозокот во Бразил, каде нивото на ризик е исклучително голем.“
Таа додаде дека е можна поврзаност меѓу инфекцијата со вирусот „Жика“ и Гијен-Баре синдром, кој може да предизвика привремена парализа.
СЗО последен пат свика меѓународна вонредна ситуација во 2014 година поради епидемијата на ебола во Западна Африка, каде од оваа болест починаа повеќе од  11.000 луѓе.
Вирусот „Жика“ беше откриен во 1947 година, но со децении предизвика само благи здравствени проблеми, но Чан изјави дека „денес ситуацијата е драматично различна“.
Според американските центри за контрола на болести, вирусот „Жика“ сега е присутен во повеќе од 20 земји, главно во Централна и Јужна Америка.
Досега не постои вакцина против овој вирус, кој е сличен на треската денга. Научниците со години се обидуваат да се произведе лек против денга, но без успех.Вирусот „Жика“, кој го пренесуваат комарци, експлозивно се шири, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација, Маргарет Ч

Пронајдете не на следниве мрежи: