Деријан Амакер (24), е нормална девојка која ужива во животот и секое хоби го претвора во работа. Меѓутоа, она што ѝ го направи нејзиниот дечко го шокираше светот. Тој 10 часа ја тепал без престан, но таа преживеала!Додека лежела во болнички кревет, таа одлучила да ја сподели потресната приказна за да им помогне на другите. И тоа го направи преку Фејсбук, кадешто објавила видео кое го пратила на „Националната Коалиција против насилството врз жените“.
Опишала точно што ѝ случило.
„Здраво – моето име е Деријен. Неколку дена по Денот на благодарноста мојата љубов стана шизофренична и брутално ме тепаше 10 часа. Тој го испланира тоа – требаше да умрам. Преживеав и избегав, наречете го тоа како сакате и поминав 4 дена во болница со отечени и затворени очи, прашувајќи се зошто, зошто?
Физички сум добро сега; Мојата поранешна љубов е официјално обвинета од страна на судот и ѝ следуваат доста години во затвор.
Го прашав докторот зошто изгледам поинаку во огледало, претпоставувајќи дека станува збор за психолошка последица на бруталноста. Нежно ми соопшти дека сите коски ми се скршени и дека затоа лицето ми делува поинаку, сега е пошироко за пола инч.
Го поминав животот собирајќи човечки приказни: јас сум пејачка, фотограф, писател. Јас создавам нешта. Јас давам нешта. За прв пат се соочив со една нечовечка приказна и длабоко сум потресена.
Јас генерално не снимам видео од себе, но тоа беше единствената работа којашто сакав да ја направам во болница. Инсистирав – чувствував дека е многу битно и дека ова е еден мал триумф да сторам нешто, да спасам што можам од моето скршено срце.
Насилството во домот е тема која не треба да се крие. Тоа влијае на многу луѓе коишто ги знаете, радосни луѓе, луѓе кои пеат, кои сакаат. Ние како луѓе мора да бидеме подобри, посилни, попристојни. Ние коишто сакаме не смееме да го дозволиме насилството. Ние живи мораме да се соочиме со животот.“
Зборовите на оваа храбра девојка навистина влегуваат под кожа. Тие нѐ потсетуваат дека никогаш не треба да го свртиме погледот од ваквите ужасни ситуации кои демнат насекаде, па дури и таму каде што никој не ги очекува.
Додека лежела во болнички кревет, таа одлучила да ја сподели потресната приказна за да им помогне на другите. И тоа го направи преку Фејсбук, кадеш



