Баба Ванѓа беше еден најпознатите пророци на нашите простори. Сите доаѓале кај неа за совет, но обичните луѓе биле нејзина најверна публика.Таа вечно им давала надеж и им помагала во најтешките моменти во животот со благоста и утешните зборови.
„Дојдовме пред куќата на Ванѓа, а глетката нѐ избезуми. Имаше многу луѓе. Некои дури седеа на душеци бидејќи не можеа да го дочекаат својот ред кај пророчицата“ – се присетува една жена од Македонија која ја посетила Баба Ванѓа во седумдесеттите година со сопругот.
Докторите им рекле дека никогаш нема да имаат деца. Но, тие никогаш не изгубиле верба.
„Беше лето, а температурите уште повеќе ги изморуваа луѓето коишто чекаа. Сепак, никој не сакаше да ризикува и да се тргне од редот. Којзнае кога повторно ќе добијат прилика да се доближат до некој жив пророк. Чекаа со часови, а некои преспиваа само за да ја видат Ванѓа“ – сведочи жената.
Таа била упорна. Нејзиниот сопруг не верувал во моќите на Баба Ванѓа.
„Ма, тоа е глупост. Не ми паѓа на памет да одам кај таа жена“ – ѝ рекол сопругот.
Сепак дошле. Ванѓа била посебно остра кон оние коишто се сомневале во неа. Излегла од куќата и им се обратила.
„Впери прст кон мојот сопруг, а насобраните луѓе се стаписаа. Пцуеше цел пат додека доаѓавте накај мене. Срам да ти е. Зошто доаѓаше ако не веруваш? Одговорот на твоето прашање е: „Не, нема да имате деца!“
Нивната судбина навистина била зацртана. Никогаш немале деца.Таа вечно им давала надеж и им помагала во најтешките моменти во животот со благоста и утешните зборови.
„Дојдовме пред куќата на Ван



