Освоила 46 милиони евра на лото, но не може да ја земе наградата поради ФАТАЛНА ГРЕШКА!

Изгледа дека добитниот лото-тикет во износ од 43.6 милиони евра ќе остане без сопственик, откако една жена направила фатална грешка.Жената дошла до продажното место на лотаријата во Ворчестер со оштетеното ливче на кое се верува дека ја има добитната комбинација на броеви. Меѓутоа, на ливчето не се гледа датумот, бар кодот и серискиот број, бидејќи сето тоа е испрано, известуваат британските медиуми.
Сузан Хинт упорно се обидувала да објасни дека таа е добитник на главната награда во износ од 33 милиони фунти (43.6 милиони евра), но од лотаријата Камелот не ѝ ја признаваат добивката.

Од лотаријата изјавија дека се запознаени со целиот случај и го истражуваат.
Втората половина од вкупниот џек пот, кој изнесуваше 87.2 милиони евра (66 милиони фунти) ја доби брачниот пар Дејвид и Керол Мартин, кои имале исправен тикет со шест погодени броеви.
Оваа неостварена добивка од 43.6 милиони евра нема да биде најголемата во историјата бидејќи во 2012 година никогаш не е пронајдено сопственикот на тикетот вреден 84.3 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: