Имате ладни стапала? Еве како да ги загреете!

Иако поради слабата циркулација нозете во текот на годината се ладни, како резултат на ниските надворешни температури, се чини дека овој проблем е повеќе нагласен во текот на зимата. Особено кога по долго одење, нозете се` уште се „мраз“, дури и во добро загреан простор.Иако поради слабата циркулација нозете во текот на годината се ладни, како резултат на ниските надворешни температури, се чини дека овој проблем е повеќе нагласен во текот на зимата. Особено кога по долго одење, нозете се` уштесе „мраз“, дури и во добро загреан простор.
Прва помош е, се разбира, топла бања. Наполнете кофа или када со вода загреана на максимум од 40 степени. Додадете две лажици сол и сок од два лимона. Добро промешајте, па ставете ги нозете во вода. Уживајте во чувството на топлина, најмалку 15 минути, а ако водата порано се олади, додадете уште малку топла вода.
Постојат и други начини како да се подобри циркулацијата и да се загреат ледените нозе:
Исхрана
Луѓе кои без оглед на сезоната, чувствителни на студ, би требало да се загреваат и во внатрешноста со топли јадења. Зачинета супа со кари, чили и ѓумбир го стимулира согорувањето на мастите и го подобрува создавањето на телесната температура.
Сауна
Дури и ако не сте љубител на мали и загреани простории, одморот во сауна може да биде многу корисна во решавање на проблемот со студени нозе. Препорачливо е дека по греењето во сауна да се истуширате со ладна вода. На тој начин ќе се подобри циркулацијата на крвта низ целото тело, вклучувајќи и во нозете.

Чорапи
Не сите чорапи се подеднакво добри. Материјали како што се на пример волна или памук ја чуваат топлината во нозете. Идеални се медицинските, кои не ја стегаат ногата и немаат гума.
Рицинусово масло
Добро измасирајте ги вашите стапала со ова масло пред спиење. Рицинусовото масло ја подобрува циркулацијата и ги шири крвните садови.
Масажа
Ако сакате масажер во форма на еж, добро истријте ги нозете. Ова ќе ја стимулира циркулацијата и ќе осигура дека вашите нозе за брзо време да станат топли. Тоа може да помогне и малку посилна четка. Со кружните движења нежно масирајте ги стапалата, но исто така и скочниот зглоб и лисјата, со што ефектот би бил подобар.
Гимнастика
Обидете се два пати на ден, најдобро наутро и вечер, да правите гимнастика со прстите на нозете. Тоа трае околу 10 минути, а може да се направи додека седите во канцеларија или во трпезарија, додека јадате. Прво добро размрдајте ги и истегнете, а потоа кружете со прстите во насока на стрелките на часовникот. Кога ќе сте уморни, згрчете ги прстите, малку одморете ги, а повторно истегнете ги и кружете во спротивна насока.
Обувки
Топлите зимски чевли би требало да имаат и дебела гума. Тој ќе ги чува нозете од студот, но и од влага. Мокрите нозе подобро ќе бидат ладни, отколку кога се суви. Исто така, при купување на зимски чевли, водете сметка да не бидат премногу тесни.Иако поради слабата циркулација нозете во текот на годината се ладни, како резултат на ниските надворешни температури, се чини дека овој проблем е

Пронајдете не на следниве мрежи: