Жена од Јужна Каролина е уапсена и обвинета за семејно насилство откако го нападнала сопругот – фрлајќи керамички фигури на него и тепајќи го со нанчаки.Како што пишуваат странските медиуми, 51-годишната Сондра Ерл-Кели, го повикала сопругот да легне со неа во кревет и збеснала откако тој ја одбил. Почнала да го напаѓа, а откако пристигнала полицијата, нејзиниот сопруг и ѕидовите од куќата биле облеани со крв.
Нејзиниот сопруг одбил да оди во болница, но Сондра, којашто имала рани на стомакот и која сама на себе ги нанела и земала касанакс, била однесена во болница. По санирањето на повредите, таа била однесена во полициска станица кадешто ја поминала ноќта.
Иако Сондра стои зад тврдењето дека не знае дека нејзиниот сопруг е повреден, таа најверојатно ќе биде обвинета за напад.



