ВО ДАЛЕЧНАТА 1982 ГОДИНА НЕ ДОШОЛ НА СРЕДБА СО НЕА: Еве што се случи повеќе од 30 години подоцна!

Се запознале на одмор во 1982 година. Таа тогаш имала 17, а тој 19 години. Договориле средба во својот град, на автобуска станица. Таа го чекала два часа, но тој не се појавил. Била очајна, а тој немал нејзин број ниту адреса.Менди Ешфорт (48) и Бери Моат (50) од Ротерхем, се запознале на одмор во Брајдлајтон и биле неразделни сѐ додека седум дена подоцна тогаш 19-годишниот Бери не ја изневерил, односно не дошол на средба и ја оставил Менди сама на автобуска станица. Немал нејзин број на телефон ни адреса, па не можел да ја контактира.
„Ги минавме нашите заеднички моменти најдобро што можеме на одморот и на крајот само се договоривме да се видиме следната недела. Пристигнав на автобуската станица каде што договоривме средба и го чекав два часа. Но, тој не се појави, а јас бев очајна. Со години го барав Бери на различни места, но никогаш не можев да го пронајдам. Секогаш беше во моите мисли“ – раскажала Менди.
Таа минала повеќе од 30 години барајќи го Бери, по што конечно успеала да го пронајде на Фејсбук.
Кога го прифатил нејзиното барање за пријателство, на почетокот мислел дека е заинтересирана за неговата работа.

„Не се сеќавам зошто не се појавив на тој состанок. Навистина не ми текнува. Направив профил на Фејсбук само за да ја промовирам својата работа, поправка на риболовен прибор и никогаш не прифатив барање, освен ако нема некоја врска со риболовот. Од некоја причина помислив дека Менди ми прати барање во врска со риболовот, па го прифатив нејзиното барање, а таа ми прати порака. Работите брзо дојдоа на свое место и одлучивме да бидеме заедно. Беше предобро за да биде вистинито. И двајцата знаевме дека ја најдовме вистинската личност. Би сакал тоа да го знаев пред 30 години“ – вели Бери.
Менди била пресреќна и не можела да верува дека конечно го пронашла Бери.
„Почнавме секојдневно да си праќаме СМС пораки. Врската меѓу нас стана цврста, а љубовта силна“ – велат тие.
Бери ја запросил Менди 18 месеци по повторната средба и сега двојката ќе се венча. Менди, која сега има пет деца од претходниот брак, вели дека штом го видела Бери, знаела дека сонот ќе ѝ се исполни.
„Нашата приказна покажува дека никогаш не е предоцна да ја пронајдете вистинската љубов“.

Пронајдете не на следниве мрежи: