Аргановото масло се произведува во Мароко каде го нарекуваат течно злато и го употребуват со векови наназад. Во други земји се нарекува и мароканско масло. Ова масло стана едно од најбараните природни средства за нега на убавината.Аргановото масло би било и од големо значење и во исхраната но поради високата цена за сега ретко се наоѓа на трпезата. Бидејќи може да се набави и на нашите простори, не треба да очајувате бидејќи за нега на косата лицето и кожата доволни се мали количини од ова мароканско масло.
Аргановото масло покрај есенцијалните масни киселини, обилува со витамини, посебно со витамин Е кој успешно се бори против слободните радикали. Високото ново на есенцијални масни киселини во аргановото масло ѝ дава моќ на хидратација на кожата, а при тоа кожата слободно дише. Малото исто така ја подобрува микроциркулацијата и овозможува максимална прехрана на клетките на кожата. Како скоро совршено козметичкосредство, ова мароканско масло го штити и негува лицето, ноктите, косата и кожата. При тоа не е за занемарување податокот дека ова масло е многу лесно за употреба бидејќи не му се потребни други додатоци, освен обична вода.
Аргановото масло за лице обично се употребува два пати дневно, наутро и навечер, па така после миење на се уште мокро лице нанесете неколку капки арганово масло а потоа рамачкајте.
За нега на коса ова масло се нанесува после миење на косата на влажна коса. На косата ѝ ја враќа мекоста, ѝ дава природен сјај и го забрзува растот на косата.
За нега на кршливи и меки нокти маслото од арган се нанесува пред спиење на влажни раце, се втријува во кожата и ноктите за да делува во текот на ноќта.
За нега на телото, исто така после капење втријте неколку капки арфаново масло кое ќе ја надокнади влагата и ќе ја направи кожата помека. Го спречува настанувањето на стрии, а по долга употрена може и да ги отстрани белезите на кожата.
Што се однесува до масното чувство,а за тоа не треба да се грижите бидејќи маслото брзо се апсорбира и не остава масни траги дури ни на лицето.Аргановото масло би било и од големо значење и во исхраната но поради високата цена за сега ретко се наоѓа на трпезата. Бидејќи може да се набави и



