Таа храбро им покажа на сите: Еве како изгледа кога ќе добиете рак!

Манекенката Мико Ре повеќе од 10 години поминала занимавајќи се со моделинг, а тогаш и` бил откриен рак на дојката во трет стадиум. Манекенката Мико Ре повеќе од 10 години поминала занимавајќи се со моделинг, а тогаш и` бил откриен рак на дојката во трет стадиум. Иако многу жеи на нејзино место би паднале во депресија, бидејќи не само што се бори со болест туку и последицата е да остане и без кариера, Мико тргнала по друг пат.
Таа ја кренала главата високо и му признала на целиот свет со што се бори. Не само тоа, туку веќе направила и неколку професионални фотографи за да покаже како изгледа денес, кога поради хемотерапијата останала без коса, веѓи а наскоро и без дојки.

Покрај фотографиите таа споделила и моќна порака упатена до сите жени кои се борат со карцином.„Останав без многу карактеристики на женското тело кои нашата култура ги слави како убавина… Немам веѓи, трепки, коса, а наскоро ќе останам и без дојки. Хемотерапијата полека ви прави хаос од организмот. Моето тело, кое некогаш беше во хармонија, сега е целосно уништено. Навистина е тешко кога од патувања по светот и работа преминете на лежење во кревет. Секој ден е предизвик, а малите задоволства како јадење, прошетки или држење на детето в раце, едноставно ми бегаат.

Со ракот дојде уништувањето. Меѓутоа, исто така ми даде и прилика повторно да се изградам самата себе, одвнатре. Го отфрлив она што е непотребно и искрено – пораснав како личност“, напишала Мико.

Таа, на почетокот од кариерата морала да се избори за своето место, бидејќи ѝ зборувале дека има премногу облини. Но, со продирањето на заоблените Бразилки во модната индустрија, дошла и нејзината шанса и набрзо се прославила. Таа била на многу насловни страници, соработувала со најпознати брендови и заработувала добри пари.Сега, сето тоа исчезнало. Но, наместо тоа, таа добила неверојатна сила и открила како навистна да се сака себеси.

„Апсолутно ја обожувам и уживам во оваа жена која станав. И кога ќе кажам дека сум сама, мислам на тоа дека сум слободна од мажи, кариера, улоги или етикети кои порано ме дефинираа. Мојата среќа не зависи од љубовта, поддршката, лојалноста или нечие одобрување.Јас сум едноставно Мико. Немам што да кријам. Имам рак на дојката во трет стадиум и никогаш во животот не сум се чувствувала толку убаво“, пишува „Daily Mail”.

Нејзиниот пост на Фејсбук за кратко време го привлече вниманието на јавноста, а Мико подоцна објаснила дека на почетокот не била толку храбра. Отпрво многу се уплашила кога ја слушнала поразувачката дијагноза, бидејќи не знаела како ќе го издржува своето дете ако остане без работата на манекенка.„Но, потоа сфатив дека со стравот не можам да постигнам ништо. Стравот не го победува ракот, туку борбата!“, заклучила оваа храбра жена.Манекенката Мико Ре повеќе од 10 години поминала занимавајќи се со моделинг, а тогаш и` бил откриен рак на дојката во трет стадиум. Иако многу же

Пронајдете не на следниве мрежи: