Тахаруш гамеа, во превод „колективно злоставување“ – претставува облик на групно сексуално злоставување кое престапниците го извршуваат користејќи јавни масовни собири како што се улични демонстрации, концерти, фестивали и сл.Иако слични феномени можат да се јават во разни култури, вклучувајќи го и западниот свет, изразот пред сѐ се однесува на арапските земји и Северна Африка и опишува појава во која мажите спонтано или организирано сексуално злоставуваат пред сѐ женски лица преку допирање на гениталиите, кинење на облеката, вметнување на прсти во вагина или анус, или во крајни случаи пенетрација со пенис и други објекти – што прераснува во групно силување.
Притоа, се создаваат два реда со кои се опколува жртвата:
внатрешен – чии членови ја злоставуваат жртвата;
надворешен – чија цел има да ги спречи пријателите или случајните минувачи да ѝ понудат помош на жртвата.
Освен задоволување на нагоните, мотивите за ваквата игра можат да бидат и од имотна природа, па тахаруш знае да вклучува и разбојничка кражба, а понекогаш се шпекулира дека има верски, идеолошки и политички мотиви, односно да се применува како колективна казна кон жените за кои се смета дека со начинот на облекување, однесувањето или на некој друг начин ги кршат обичаите на заедницата или претставуваат нејзин непријател.
Пошироката јавност се запозна со „тахаруш“ за време на Арапската пролет и протестите во Каиро, кога на плоштадот Тахрир беше силувана американската новинарка Лара Логан.
Слични облици на оваа насилна „игра“ се случија за време на новогодишната ноќ во Германија, по која беа поднесени над 500 пријави за силување од страна на жени од различни градови.
Ваквата игра се применува и во Шведска, Холандија и Австрија, во кои исто така беа пријавени доста случаи на злоставување.Иако слични феномени можат да се јават во разни култури, вклучувајќи го и западниот свет, изразот пред сѐ се однесува на арапските земји и Северна



