Спиете доволно, а постојано сте изморени? Веројатно правите некоја од овие грешки!

Недостатокот на сон е една од главните причини за хроничен умор, но не е единствената. Постојано сте уморни? Не грижете се, не сте единствени. Дури и спиењето често не е толку поврзано со тоа како се чувствувате кога ќе се разбудите.Со други зборови, може да бидете изморени поради многу други нешта на кои можеби и не обрнувате внимание. Спиете доволно, а сеедно не се чувствувате одморено.
Проверете дали причината лежи во еден од овие фактори.
Доручек без јаглехидрати
Мит е дека поради јаглехидратите ќе останете без енергија во текот на денот. Токму тие ви се потребни за создавање на енергија за да може организмот нормално да функционира.
Неред
Истражување покажало дека една од главните причини за замор е бидејќи мозокот мора премногу да се напрега за да открие каде сте ги оставиле предметите кои најмногу ви се потребни во одреден момент. Токму затоа, збогувајте се со мрзеливоста и средете го просторот во кој поминувате најмногу време. Ќе се чувствувате многу подобро.
Витаминска вода
Вода со додатоци на витамини, односно со различни вкусови, денес е застапена на пазарот. Иако сите масовно ја пијат, таа може да го излаже организмот. Витаминот Б и тауринот кои поголем дел од овие води ги содржат во себе, можат да имаат спротивен ефект поради кој може да бидете само изморени.
Работа пред компјутер
Премногу поминатото време пред компјутер може да предизвика замор, замаглување на видот и главоболки. Токму затоа, експертите препорачуваат на секои 20 минути да го свртите погледот од екранот и 20 секунди да се загледате во некој објект кој е оддалечен од вас.
Не јадете овошје и зеленчук
Тоа е едноставно, бидејќи овошјето и зеленчукот му се потребни на организмот. Антиоксидансите го штитат телото и ви даваат енергија. Токму затоа, не избегнувајте ги спанаќот, кељот, грејпфрутот или папајата – тие се здрави извори на енергија.
Премногу вежбате
Се храните здраво, вежбате, доволно спиете, но сепак сте изморени. Можеби проблемот е во тоа колку вежбате. Ако премногу го форсирате својот организам, нема да се чувствувате добро туку ќе бидете поизморени и желни за сон.Со други зборови, може да бидете изморени поради многу други нешта на кои можеби и не обрнувате внимание. Спиете доволно, а сеедно не се чувствуват

Пронајдете не на следниве мрежи: