Приказна на една жена: „Те сакав. Сега смири се и пушти ме да си одам“

Руската писателка и популарна блогерка Марта Кетро, зборува за поранешните љубови и што останува по нив.Оние коишто ги сакавме, а потоа се разделивме од нив – не е важно по чија иницијатива, но по нивна вина – зошто се враќаат? Човекот, кој пред година или пет го скрши твоето срце, од кој ползејќи си избегала во солзи, мразејќи или простувачки – не е битно, којшто не е заборавен ниту ден денес.
Како може да се заборави отстранувањето на слепото црево, дури и по зацелувањето, барем поради лузната? Оној којшто јасно стави до знаење дека е готово – се враќа. Зошто? Еднаш месечно или во шест месеци, сепак добиваш порака од него, мејл, повик… Тој само сака да знае како сум, сака да се пофали со уште еден успех, следува повик во кино… преспивање кај мене, или повтормо ме тера да одам по ѓаволите.
Јас не можам, цел живот умирав од збунетост и не страдам само јас – затоа што веќе е крај, готово е. Тој е женет, јас сум мажена, грдите зборови одамна се кажани, извинувањето е донесено. Одамна сум рамнодушна, но и понатаму ме боли.

Драг мој, таквите нешта се сведуваат на контраиндикации. Одамна сум рамнодушна, но и понатаму ме боли.
Неубедливо? Но, токму тоа и го чувствувам. Засакувајќи некого, ние го отвораме своето срце, еднонасочен канал на неколку мегабити кој е невозможно да се блокира. И секој, поранешен драги, одлично ја чувствува фреквенцијата и од време на време бира број за да праша: „Сакаш да одиме во кино?“.
Јас одговарам: „Не сакам да одам во кино. Сакав со тебе да поминам половина век, да родам син кој би личел на тебе и да умрам со тебе еден ден. А во кино – не, не сакам.“. Но, на глас ги изговарам само првите пет зборови.
Но, приказната е секогаш иста, тој се јавува за да ме праша: „Дали некогаш си ме сакала?“. И јас одговарам: „Да.“. Да, драг кретену, само – да.
Одамна сум рамнодушна и понатаму ме боли. И понатаму го дисконектирам срцето по секоја конекција. Не знам што треба да се направи за да престанат да нѐ мачат овие повратници. Можам да бидам љубезна, да не се јавувам на телефон, но во мислите тој сеедно ќе го слушне одговорт на неговото прашање: „Дали некогаш ме сакаше?“ – „Да“.
На мира те оставаат само оние коишто никогаш не те сакале. Поточно, ако и се јават, едноставно не го забележуваш тоа.
Заклучокот сам се наметнува. Можеби требаше сама да праќам пораки еднаш месечно? Трошокот е мал: „Те сакав.“ А сега смири се и пушти ме да си одам.Оние коишто ги сакавме, а потоа се разделивме од нив – не е важно по чија иницијатива, но по нивна вина – зошто се враќаат?

Пронајдете не на следниве мрежи: