Научно е докажано дека храната која ја јадете пред спиење влијае врз вашите соништа.Ако пред спиење изедете погрешна храна, ќе имате лоши соништа. Мозокот и при спиењето користи енергија. И тоа многу енергија.
Кафе во било каков облик
Не изненадува фактот дека кафето треба да се избегнува пред спиење. Милиони луѓе насекаде во светот конзумираат кафе за да останат будни. Дејството на кофеинот е отприлика 15 минути после неговата конзумација. Ефектот може да му трае еден час после конзумирањето. Од друга страна на телото му се потребни 6 часа за да се ослободи од кофеинот од една шолја кафе. Научниците веруваат дека треба да поминат 12 часа од нашето последно кафе пред да заминеме на спиење.
Доколку сте зависни од вкусот на кафето и сте се одлучиле за безкофеинско кафе, треба да знаете дека безкофеинското кафе содржи одредено количество на кофеин.
Луѓето кои не пијат многу кафе и се посензитивни на кофеин, можат да добијат доволно количество на енергија и од овој тип на кафе. Заради ова препорачливо е истото да се конзумира 6 часа пред спиење.
Алкохол
Шише или две пиво или 1-2 чаши вино навечер може да ви помогне да заспиете побрзо. Некои луѓе сметаат дека на овој начин можат да си обезбедат добар сон. Но, спиењето не е вистински одмор доколку се будите често во текот на ноќта, а истражувањата го покажуваат токму тоа, доколку конзумирате алкохол пред спиење.
Здравите луѓе кои конзумираат алкохол пред спиење заспиваат полесно и спијат длабоко определено време, но алкохолот ја намалува РЕМ фазата – единствената фаза од сонот кога телото закрепнува и се подготвува за будење. Помалку РЕМ значи помалку концентрација, проблеми со помнењето и поголема поспаност во текот на денот.
Алкохолот делува и на дишењето па дури и може да предизвика апнеа – медицинска состојба на паузи во текот на дишењето.
Ракот настанува кога ја јадете ОВАА ХРАНА – Нема да може да престане да се шири – Прочитајте ТУКА
Чоколадо
Чоколадото има кофеин, посебно црното. Кофеинот го има во какаовите зрна од кои се прави какаото. Тоа е истиот тој кофеин кој наутро ви дава енергија за добар почеток на денот. Тој е стимул кој ги подобрува менталниот аларм, го намалува уморот, го забрзува метаболизмот – работи кои не сакате да ви се случуваат кога се обидувате да заспиете.
Потемното чоколадо содржи повеќе кофеин од млечното, со тоа е и полош избор на храна која треба да ја внесете пред легнување. Едно просечно темно чоколадо може да содржи 30 мг кофеин што претставува 28-30% кофеин од една стандардна шолја кафе, повеќе кофеин од 2 големи лажици еспресо и отприлика исто толку кофеин колку и во шолја инстант чај.
Брза храна
Чипс, како и сендвичи, хот-дог, оброци од хамбургери со газиран пијалак и помфрит, поховани пржени замрзнати храни… Истите се со значително високи дози на шеќери или масти, и не се воопшто добри како вечерна храна или генерално како оброк кога сте екстремно гладни. Колку повеќе ги јадете, толку полошо ќе спиете. Брзата храна подолго време се поврзува со дебелина. Доколку овој вид на храна го конзумирате навечер, поголеми се шансите да се здебелите, отколку ако ги јадете преку ден. Тоа е така бидејќи вашето тело ги складира мастите од храната, со оглед на тоа што не сте активни или спиете.
Имате проблеми со потењето? Еве која храна треба да ја избегнувате – Прочитајте на следниот ЛИНК
Зеленчук и овошје
Брокулата и карфиолот се многу тешки за дигестија што од своја страна може да го задржи организмот буден подолго од потребното. Друг ваков зеленчук е зелката, гравот, белите печурки и целерот. Ваквиот зеленчук е добро да се конзумира само преку денот. Портокалите и малините се овошје кое не се идеални за конзумација пред спиење или за ужина. Исто како и претходно споменатиот зеленчук, тие се потешки за дигестија. Пред спиење, добро е да се држиме подалеку од доматите исто така. Тие предизвикуваат киселини и не се добар избор за вечерна конзумација.
Секако, постојат исклучоци за конзумирање на овошје и зеленчук пред спиење без притоа да се грижите за вашиот сон. Такво овошје е бананата која содржи триптофан. Црешите содржат мелатонин – супстанца која го поддржува спиењето. Марулата од друга страна содржи сусптанца која има седативни својства кои можат да предизвикуваат релаксација и опуштање.
Вода
И водата се наоѓа на оваа листа. Таа служи за хидратација на телото и помага во регулирањето на неговата температура и циркулација, го зголемува метаболизмот и учествува во низа на важни функции на органите во целиот организам. Пиењето на вода е многу битно за да се одржат сите функции на нашиот организам. Секој организам е различен, но истражувањата покажуваат дека за нормално функционирање потребни се во просек 2-3 литри на вода. Но пиењето на премногу вода навечер нема да помогне многу за квалитетен сон со оглед на тоа што ќе морате да го посетувате тоалетот повеќе пати, а да не зборуваме дека будењето со полна бешика знае да биде дополнително непријатно од повеќе аспекти.Ако пред спиење изедете погрешна храна, ќе имате лоши соништа. Мозокот и при спиењето користи енергија. И тоа многу енергија.
Кафе



