Тримесечното бебе Пејсли е гордост и радост на родителите Кариса и Мет Хетфилд од Синсинати. За родителите нема поголема радост и награда од насмевката на нивното дете, но родителите на Пејсли се загрижувале во голема мера кога нивното дете ќе се насмее.„Забележавме дека кога плаче нејзиното лево око не се затвора добро, а кога се смее, истата страна од устата не се движи“ се присетува мајката.
Загрижените родители го контактирале докторот кој одлучил да го скенира мозокот на Пејсли. Тоа што го открил скенирот го потврди стравот на родителите:
Непознат израсток се врзал за левата слепоочница, покрај нејзиниот мозок.
„Не постои ништо полошо за еден родител од мислата дека нивното дете е сериозно болно и дека може да умре“, вели мајката Кариса.
За да се издвои примерокот ткиво од нејзината слепоочница, ја однеле на детска клиника. Сепак, кога хирургот се вратил после биопсијата, тој почнал да ја врти главата со неверување. Тоа што го пронашол било апсолутно – ништо. Наводниот тумор едноставно исчезнал, а лекарите не можеле да објаснат зошто и како.
Докторите рекле дека дошло до грешка кога првиот пат и бил скениран мозокот. Сепак во детската болница се колнат дека скенерот го правел еден од најдобрите радиолози.
„Нашите лекари се плашеа од најлошото – бениген тумор“ вели директорот на болницата.
„Но кога хирурзите стигнале до местото каде требало да има тумор, не нашле ништо. Не можеа да бидат посреќни кога требаше да им ја соопштат веста на родителите“.
„Ова е вистинско чудо“, пресреќен изјавил таткото Мет.
Овие родители не можеа да добијат поубав подарок за Божиќ.„Забележавме дека кога плаче нејзиното лево око не се затвора добро, а кога се смее, истата страна од устата не се движи“ се присетува



