Трик кој ќе ви го олесни животот: Наелектризирана коса? Потребна ви е само ЕДНА работа!

Веројатно нема полошо чувство од она кога  ќе направите фризура, а потоа ќе го облечете џемперот  и она што до пред една секунда било прекрасна коса се претвора во ужас. Секое влакно си  игра своја игра, а најголемиот проблем е во тоа што скоро е невозможно да ја смирите оваа игранка. Освен доколку не го знаете овој едноставен трик!Не ви се потребни прескапи четки кои ветуваат дека ќе ја смират и најнемирната коса, ниту фен со негативни јони, па дури ни некој посебен балзам за коса. Се што  ви е потребно   е една работа која сигурно веќе ја имате дома-  хартиена марамица. Да , тоа е се- и за неколку секунди повторно ќе имате мирна коса.
Еноставно земете марамица во рака и поминете преку целата коса, прамен по прамен. Можете и да ја закачите марамицата на чешел или четката па така да се чешлате, а резултатот ќе биде одличен!
Проблемот со наелекртризираната коса најчесто се јавува во зима, поради волнените џемпери кои имаат таков ефект на нашата коса. Покрај тоа, и синтетиката може да ги натера влакната да играат, а доколку користите спреј за суво миење на косата, тогаш сигурно знајте дека овој производ е вистински хорор за сите девојки кои мачат мака со електрицитетот.
За среќа, сега знаете дека решението за овој проблем е многу едноставен. Пробајте! Не ви се потребни прескапи четки кои ветуваат дека ќе ја смират и најнемирната коса, ниту фен со негативни јони, па дури ни некој посебен балзам за

Пронајдете не на следниве мрежи: