Фаз Али момче кое живее во Англија и по вероисповед е муслиман, на својот Фејсбук профил му отчита лекција на цел свет. Тој го даде најдобриот одговор на сите оние луѓе кои се прашуваат како тоа бегалците имаат скапи паметни телефони и дизајнерска облека, а неговиот статус толку допре до луѓето што е шеруван повеќе од 80.000 пати.Имаш 29 години, женет си, имаш две деца и работа. Имаш доволно пари за да можеш себе си да си дозволиш неколку убави работи и живееш во мала куќа во градот.
Одеднаш политичката ситуација во твојата земја се менува и неколку месеци подоцна пред твојата куќа се појавуваат војници. И пред куќата на твоите соседи исто така.
Ти велат дека доколку не се бориш со нив ќе пукаат во тебе.
Твојот сосед одбива.
Еден метак. Готово е.
Слушаш еден од војниците како и вели на твојата сопруга да ги рашири нозете. Некако ќе се ослободиш од нив и цела ноќ размислуваш. Одеднаш слушаш експлозија. Твојата куќа повеќе нема дневна соба. Трчаш надвор и гледаш дека целата улица е уништена.
Ништо повеќе нема.
Го внесуваш семејството во куќата, а потоа трчате во куќата на своите родители.
Куќата веќе ка нема. Како ни твоите родители.
Разгледуваш наоколу и гледаш рака со прстенот на твојата мајка на неа. Не наоѓаш повеќе ниту една трага од родителите.
„Но луѓето кои бараат азил имаат толку луксузни работи!Паметни телефони и брендирана облека!“
Веднаш забораваш на се. Трчаш дома и ѝ викаш на сопругата да ги спреми децата. Земаш мала торба, бидејќи ништо повеќе нема да можеш да носиш толку долго, и ги пакуваш само основните работи. Само по 2 парчиња облека за секој.
Но, што да понесеш?
Веројатно повеќе никогаш нема да ја видиш својата родна држава.
Ниту семејството, ниту, соседите, ниту колегите…
Но, како можеш да останеш во контакт?
Брзо го ставаш телефонот и полначот во торба. Заедно со неколку парчиња облека, малку леб и омиленото плишано мече на на твојата мала ќерка.
Бидејќи однапред си видел каде води целата ситуација, сите пари ги собираш на куп.
Си успеал да сочувашнешто пари бидејќи си бил добро платен на работа. Љубезен крриумчар на луѓето од соседството им зема по 5000 евра по личност.
Имаш 15.000 евра. Со малку среќа, ќе успееш да отидеш. Ако не, ќе мораш да ја пуштиш жената да оди.
Ја сакаш и се молиш дека криумчарот ќе те земе и тебе.
Сега немаш веќе ништо. Само своето семејство и торбата . Патувањето до граница трае две седмици, и тоа пешки.
Гладен си и во текот на минатата недела скоро ништо не си јадел. Слаб си и ти и твојата жена. Но, барем за децата имало доволно.
Плачат цели 2 седмици.
Половина од времето ќерката мораш да ја носиш. Има само 21 месец.
Уште две недели и стигнуваш до морето. Среде ноќ влегуваш на брод заедно со другите бегалци. Имаш среќа: цело семејство може да патува.
Бродот е толку полн што во секој момент постои опасност да потоне. Се молиш да не се удавиш.
Луѓето околу тебе плачат и врескаат.
Неколку млади деца умреја од жед.
Криумчарите ги фрлаат преку палубата.
Сопругата седи тивко во ќош. Два дена ништо не се напила.
Кога брегот е конечно на видик, ве префрлаат во помали чамци. Жената и помалото дете се во еден чамец, а ти со постарото во друг….
Предупредени сте дека мора да бидете тивки за никој да не знае дека сте тука. Твојата постара ќерка разбира, но тоа помалото во другиот чамец, не разбира, не престанува да плаче.
Другите бегалци стануваат нервозни. Бараат од твојата сопруга да го замолчи детето.
Таа не успева.
Еден од мажите ти ја зема ќерката од рацете на мајката и ја фрла во морето.
Скокаш по неа, но не можеп да ја најдеш.
Никогаш повеќе.
За три месеци би наполнила 2 години.
Зарем тоа не ви е доволно? И понатаму мислите дека овде имаат се и дека се им е дадено на тацна?
Ни самиот не знаеш како но, жената, ќерката и ти, успевате да стигнете до брегот на земјата која ќе ве прими. Како се да е во магла. Сопругата не кажа ниту еден збор откако ќерката почина.
Постарата ќерка не го испушта мечето на помалата сестра и тотално е апатична. Но мораш да продолжиш понатаму. Само што не си стигнал во итниот смештај.
Часот е десет. Човекот чиј јазик не го разбираш те носи во сала со кревети. Тука има 500 кревети, сите многу блиску еден до друг. Гужва е и гласно е.
Се обидуваш да разбереш што луѓето околу тебе сакаат. Но всушност едвај можеш да стоиш. Скоро па да посакаш да те убиеја војниците.
Наместо тоа ги оплакуваш своите работи.
Две парчиња облека за секој и паметен телефон.
Потоа ја поминуваш првата ноќ во безбедна земја. Следното утро ти даваат облека. Помеѓу донираната облека има и онаква која е брендирана. И играчки за твојата ќерка.
Ти даваат 140 евра. За цел месец.
Напред, во дворот облечен во нова облека, го држиш телефонот подигнат високо и се надеваш дека ќе фатиш мрежа. Мораш да знаеш дали некој од твојот град е се уште жив.
А потоа ти приоѓа „загрижен граѓанин“ и те малтретира. Не знаеш зошто. Ништо не разбираш.
„Врати се во твојата земја“
Разбираш само некои зборови како што се „паметен телефон“ и „ви даваат се на тацна“.
Некој ќе ти преведе што ти рекол човекот.
А сега кажете ми што чувствувате и што поседувате?
Одговорот во двата случаи е – НИШТО!Имаш 29 години, женет си, имаш две деца и работа. Имаш доволно пари за да можеш себе си да си дозволиш неколку убави работи и живееш во мала куќа в



