„Влегува девојче од 12 години, се спушта на колена и почнува да ја бакнува и прегрнува сестрата, целата уплакана, повторувајќи ѝ дека тука ќе ѝ биде подобро и да не се плаши. Плачат и двете, ја вртам главата на страна, бидејќи сфаќам дека ми одат солзи, плачам и јас“.Маја Пауновиќ, здравствена работничка од Крагуевац, на својот Фејсбук профил сподели приказна за малолетни девојчиња чија мајка боледува од тешка болест, поради што таткото ги напуштил, па сега се препуштени на себе.
„Не пишувам за работата бидејќи во Ургентниот центар има се освен убави работи – поточно има понекогаш, но се помалку и поретко- вака ја започнала приказната за трагедијата која овие денови ги доживеала на своето работно место.
Како што навела Пауновиќ, за време на нејзината смена, екипа на итната медицинска помош отишла на терен во едно основно училиште, од каде било јавено дека девојче од 14 години се онесвестило на час по физичко.
„Пристигаме за 4,5 минути на терен. Трчаме со сета опрема. Гледаме бледо слабо девојче кое срамежливо седи на столче и грицка колаче. Драго ни е, се работело за колапс, добро што не е нешто полошо. Ги проверуваме сите витални параметри, подобро е. Ја прашуваме што јадела за појадок, одговара дека не јадела. Ѝ објаснуваме дека мораме да јаде, поготово кога има физичко… и потоа започнува приказната“.
Во таа приказна го доведува и прашањето „коа стигнвме до тука“?, се работи за девојче кое има мајка заболена од мултиплекс склероза.
Таа жена некогаш била учитека, но сега е полуподвижна и на постојани терапии, поради што не е во состојба да работи.
Девојчето кое од глад се онесвестило во училишниот двор има и 12- годишна сестра. На докторите им рекла дека таткото ги оставил кога мајка им се разболела, откога нема кој да се грижи за нив.
Среде зима се без јакни и во летна гардероба. Децата од одделението собираат пари да им купат појадок, гардероба, но тие никогаш не се жалат, никогаш не велат дека им е ладно, дека се жедни или гладни- среќни се што имаат мајка и сметаат дека треба да трпат и така да живеат.
Маја понатаму наведува дека ја повикале нејзината помала сестра за да биде покрај неа бидејќи се исплашила.
„Влегува девојче од 12 години, се спушта на колена и почнува да ја бакнува и прегрнува сестрата, целата уплакана, повторувајќи ѝ дека тука ќе ѝ биде подобро и да не се плаши. Плачат и двете, ја вртам главата на страна, бидејќи сфаќам дека ми одат солзи, плачам и јас, но се трудам да не ме видат. Се прибирам, се насмевнувам и ја прашувам сестрата дали јадела, а таа вели ‘нека, добро ми е мене, нема врска, можам јас да не јадам, помогнете ѝ на мојата сестра’.
Ги прегризувам усните за да не ми појдат солзи повторно. Социјалната служба, сите установи не успеале да најдат решение да му помогнат на ова семејство. Се прашувам за што се виновни овие деца, за болеста на нивната мајка, за несовесноста на нивниот татко или за државата која не може да се погрижи за ваквите семејства? Дали можеме вака да постапиме со децата, како да ги имаме вишок? Какви ќе бидат тие деца кога ќе пораснат?
Ја возиме сестрата до болница да биде барем некој ден на педијатрија. Помладата сестра ја испраќа во солзи, а мене ми останува товар на градите. Нема понатаму, ова е зло“, напишала Маја во својот статус и се запрашала колку вакви семејства има во Србија, колку болни мајки и татковци и колку гладни деца, а колку тајкуни и политичари кои уживаат во благосотојба земајќи токму од ваквите семејства.Маја Пауновиќ, здравствена работничка од Крагуевац, на својот Фејсбук профил сподели приказна за малолетни девојчиња чија мајка боледува од тешка б



