Корисник на Редит со корисничко име RightNomWriteNow тврди дека тоа што го раскажал на форумот е вистинита приказна. Ви ја пренесуваме во целост,а вие одлучете за што се работи.Понекогаш навечер долго останувам буден наместо да одам со сопругата на спиење. Ја сакам до лудило, но понекогаш не одам со неа в кревет. Кога она ќе отиде да си легне, јас гледам ТВ, читам, играм игрици…
Така беше и таа вечер. Заспав на каучот како и илијада пати пред тоа, а ме разбуди жена ми која плачеше и ме тресеше. Ја прашав што се случува, но неколку минути не прозборе ниту еден збор. Само силно ме прегрна и плачеше. Ја прегрнав и јас неа и ја тешев. Помислив дека можеби сонувала дека сум умрел или нешто слично, а можеби и добила некоја порака за некое трагично случување.
Кога конечно се смири, ми рече „ајде само да седиме малку заедно“.
„Ќе ми кажеш ли што се случи?“- ја прашав. Малку размислуваше за тоа,а потоа рече „Не, само сакам да поминеме малку време заедно“. Додека се претегнував и предложив да одиме заедно в кревет. Вресна дека не сака. „Не сакам сега да одам во соба“, викаше панично. Тоа малку ме загрижи, но мојата сопруга знаеше да биде по малку ексцентрична, па заклучив дека веројатно избегнува да оди таму за да не се присетува на ноќниот кошмар.
Така останавме да седиме на каучот и зборувавме за се и сешто (освен за тоа што точно ја вознемири).
Направи кафе и со грицки се смеевме и зборувавме за почетокот на нашата врска. Додека да се завртиме веќе беше седум часот наутро.
„Премногу сум уморен, а сигурно си и ти. Ајде малку да легнеме за да не ја поминеме цела сабота во кревет“ реков.
„Не! Не можеме, те молам!“ плачеше. Повторно ја прашав што не е во ред….
„Не можеме да се вратиме таму. Ако одиме се ќе биде готово“ – ми рече низ солзи.
„Што? Што има во собата?“ – прашав, и почнав да го губам разумот.
Настапи долга тишина проследена со плачење од нејзина страна. А потоа конечно ми рече:
„Моето тело е таму! Јас сум мртва! Го видов своето мртво тело како лежи на креветот. Кога ќе го видиш и ти, се ќе биде готово!“
Верував дека премногу се внела во ноќниот кошмар кој го имала.
„Душо, тоа сигурно беше само ноќен кошмар. Веројатно не размислуваш разумно поради недостатокот на сон. Ќе се чувствуваш подобро откако ќе се разбудиш, ветувам“, и реков, ја прегрнав и ја одведов во соба.
Влеговме, на креветот немаше ништо.
„Гледаш? Се било само грд сон. Легни покрај мене“ и реков. Ме послуша, легна и ги затвори очите.
„Ке ми кажеш ли што сонуваше?“, ја прашав, останав без одговор.
„Дијана? Дали е можно толку брзо да заспа?“ ја прашав низ смеа.
Се обидов да ја разбудам, но беше вкочанета. Забележав дека аглите на усните и се модри. Следно што забележав беше дека не диши.
Се испаничив и се јавив во Брза Помош.
Имаше само 27 години. Почина од анеуризма во сон. Докторот ми рече дека била мртва пет или шест часа пред да повикам Брза помош.
Страшно ми недостасува. Се надевам дека каде и да се разбудила, се чувствува подобро.Понекогаш навечер долго останувам буден наместо да одам со сопругата на спиење. Ја сакам до лудило, но понекогаш не одам со неа в кревет. Кога она



