Исповед на мајка на бебиња херои: Два пати ме враќаа во живот за да ги родам

Алма Механовиќ е мајка на две бебиња борци. За да им даде живот за малку ќе го изгубела својот. Таа открива како нејзините деца ја добиле најважната битка,  таа низмерна љубов.Алма во душата знае што значи  да се биде мајка на бебиња борци. Таа родила две. Открива како и покрај се се изборила за своите ќерки.
„Јас сум горда мајка на двајца борци, моите две причини за живот. Првата ќерка се роди во 2005 година. Родена е со царски рез во 27-та недела од бременоста, со само 880 гр. Прогнозите не беа добри ниту за неа ниту за мене. Два пати ме враќа во живот, а бебето го ставија на некои цевчиња. Неа ја однесоа во инкубатор, мене во шок соба.
Следните неколку часа беа години, ништо не знаев  ни за неа ни за било што, единствено што ме држеше е ситниот, едвај чуен плач во моментот кога се роди.
Страв, тое единственото што го чувствував, додека не ме одведоа кај неа, тогаш се случи клик во мојата глава, одлука да надвладее храброста и да туркам  понатаму и за неа и за себе. Следните 21 ден ги мина на респиратор. Храна добиваше  низ цевче во носот, беше толку мала што пелената ѝ ја лепеа на рамената но се бореше.
Секоја нејзина реакција беше чекор на подобро! Од  ден на ден ме воодушевуваше мене, докторите, целото семејство! По три месци бевме пуштени дома. Бебето имаше 2.600 грама, но борбата продолжи.
Следа физикална терапија, контроли, прегледи, плачот се претвори во сема! Првите чекори, збачиња, зборови, сето тоа започна со неполни девет месеци. Нижевме победа за победа, од најцрните прогнози со оние најдобрите, од изгубената битка за живот до победник!

 
После сето преживеано, одлуката да имам уште деца беше се подалечна, но како што се се слувчува во животот, осум години подоцна останав бремена. Веднаш мируање, менување на животните навики, се беше подредено според таа бременост, само да поминеме подобро од првиот пат! За жал се случи истото.
Притисок, вода, преклампсија, постелката почна да се распаѓа и со царски рез бременоста беше прекината повторно во 27-та недела.
Мојата втора ќерка  е родена со 780 гр, но  уште во операционата сала ѝ ставија респиратор и додека ја сместуваа во инкубатор три пати  самата си го извади респираторот. Сите присутни беа во чудо. Толку мало суштество, а во него  толкава желба  за живот. Одлучивме да ја оставиме без респиратор- успеа! Ниту една минута не беше на респиратор, храната ја добиваше со сонда низ устата, секој ден добиваше на тежина, уште во болницата  почна со вежби и после месец дена беше пуштена дома.

Првата година од животот ни помина по контроли,  со секакви вежбања но еве, се исплатеше, сега е девоче од 2 пол години, има 13 килограми и зборува како навиена, оди, се игра, разбира се. Самостојна е, весела и разиграна.
 Нас животот не награди, постарата сега има 10 ипол години, одлична ученичка, се занимава со кошарка и танц, а помалата е едно весело, здраво девојче кое не се одвојува од просекот на нормално родени деца, покажува афинитети за многу  работи во животот но кога ќе дојде време за тоа сама ќе одлучи, а ние како родители како и до сега ќе бидеме голема поддршка и потпора!
Среќно на сите мали, големи, порано или навреме родени деца и нивните родители!Алма во душата знае што значи  да се биде мајка на бебиња борци. Таа родила две. Открива како и покрај се се изборила за своите ќерки.

Пронајдете не на следниве мрежи: