Оваа приказна ќе ви одземе многу малку време, но ќе ве инспирира да промените некои свои размислувања.На интернет со голема брзина се шири приказната за двајца болни луѓе кои делеле соба во една болница. Ќе ви треба многу малку време за да ја прочитате, но ќе ве инспирира да промените некои свои размислувања.
Два пациенти, сериозно болни делеле една соба во болница. Едниот од нив морал да седи на креветот секој ден за време од еден час за да ја празни течноста од белите дробови. Неговиот кревет бил до прозорот. Другиот човек морал да лежи цело време. Тие се зближиле со своите приказни за животот, семејството, детството, работата….
Секое попладне кога човекот покрај прозорот седел, му опишувал на својот цимер што гледа низ прозорот. Човекот кој постојано морал да лежи почнал да живее за тие моменти кога неговиот свет би бил богат со сите работи кои се случуваат надвор.
Преку прозорот се гледал парк со преубаво езеро. Лебедите пливале во езерото додека децата си играле покрај водата. Парови се шетале држејќи се за рацете. Цвеќето во паркот било преубаво, а во далечината се гледал и градот. Додека човекот покрај прозорот ги опишувал сите детали, другиот човек ги затворал очите и уживал во сцените. Едно попладне човекот покрај прозорот ја опишал парадата која поминувала покрај болницата. Иако не можеле да ги чујат звуците, можеле да ја замислат радоста….
Поминувале денови и месеци. Човекот кој морал да лежи му станал љубоморен на својот цимер и посакал тој да го добие местото покрај креветот за да може да ги види сите убавини за кои слуша. Во својата очајничка желба, одлучил да го отруе човекот покрај прозорецот. Едно утро сестрата влегла во собата и го видела безживотното тело на човекот кој лежел покрај прозорецот. Телото било изнесено од собата, а другиот човек веднаш побарал неговиот кревет да се премести покрај прозорецот. Сестрата прифатила, го сместила и го оставила сам.
Полека и со голем напор, станал да го види погледот низ прозорецот. Видел само ѕид. Ја прашал сестрата што мисли, зошто другиот човек опишувал толку убави работи. Сестрата одговорила дека другиот човек бил слеп и дека не можел да го види дури ни ѕидот.
Таа рекла: „Можеби само сакал да ве охрабри и да ве направи среќен“.
Епилог:
Голема среќа е да направите некој среќен, без оглед во која ситуација се наоѓа. Кога делиме тага е половина полесно, но кога делиме среќа е половина поголема. Ако сакате да се чувствувате богато, избројте ги сите работи кои ги имате, а не можат да се купат со пари. Немојте да бидете љубоморни на други луѓе, туку работете на себе. Споделете ја среќата и направете некој среќен. Во спротивно ќе се најдете огорчени и сами пред ѕидот. На интернет со голема брзина се шири приказната за двајца болни луѓе кои делеле соба во една болница. Ќе ви треба многу малку време за да ја прочит



