ТРИКОВИ ЗА УБАВИНА: Еве што сè можете само со една ЛАЖИЧКА

Дека лажиците не се само за јадење супа, доказ се и следните николку трикови за убавина во кои со користење на лажицата може да ви помогне да изгледате поубаво. Ладна лажица за уморни очи и подочници
Две ладни лажици ставете ги во замрзнувачот околу 10-тина минути, па потоа откако ќе ги извадите со благо стискање движете ги под окото, од внатрешноста кон надворешноста околу 1 минута. Ако е потребно повторете ја постапката. Лажиците делуваат како лаен облог против отечени очи и подочници.
За нанесување на маскара на долните трепки
Честопати кога нанесуваме маскара на долните трепки од окото се случува да се измачкате. Затоа пред да започнете со нанесување, поставете лажица под окото и на тој начин ќе спречите маскарата да ја допре кожата.
За скршена сенка или руменило
На сите ни се случува да ја распарчиме сенката за очи или пак да го оставиме руменилото на парчиња. Повеќето жени веднаш потоа ја фрлаат шминката зошто мислат дека е неупотреблива. Сепак, постои начин повторно да ја вратите во една целина. Соберете ги парчињата, додадете малку алкохол и потоа со помош на лажицата убаво потиснете додека убаво не ги споите.
За исцртување на окото со туш
Поставете ја лажицата на надворешниот агол од окото и со помош на тушот исцртајте линија како што е прикажано на сликата. Потоа исцртајте уште една линија и пополнете го добиениот простор со туш.

За шарени нокти
Во метална лажица ставете две или три капки од различни лакови. Со чепкалка или метална шнола измешајте ги лаковите и потоа нанесете ја новата боја на ноктите. Освен што ќе имате шарени и невообичаени нокти, лажицата веднаш ќе ја исчистите со малку ацетон.
Против мозолчиња
Постои стар трик за смирување на мозолчиња во кој се користи лажица. Пуштете жешка вода и ставете ја лажицата под млазот вода или пак наполнете чаша со топла вода и оставете ја лажицата внатре. Откако ќе се загрее поставете ја на мозолчето и држете ја додека не се излади.
За совршен облик на веѓите
Лажичката свртете ја така што дното да и биде свртено кон навнатре и наместете ја така што совршено ќе го прати долниот дел од веѓите. Сенката нанесете ја на четкичка и исенчете ги веѓите. Лажицата делува како шаблон и ќе го задржите совршениот облик на веѓите. Ладна лажица за уморни очи и подочници
Две ладни лажици ставете ги во замрзнувачот околу 10-тина минути, па потоа откако ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: