Емотивна приказна на еден маж: Еве зошто се согласив мојата сопруга да спие со други мажи

„Не сакав да водиме отворен брак, но сметав дека доколку бидам против тоа, дека ќе дојде до развод, па одлучив да се обидеме бидејќи можеби нешто добро ќе излезеше од тоа за нас двајцата“, вели Скот Манисфелд, поранешниот сопруг на Робин Риналди.Кога Робин Риналди ја напишала својата книга „Good Girl“, открила детали од својот брачен живот со Скот Манисфелд кој траел 17 години, но кога пишувала за тоа како поминувала денови  во кревети на други мажи. Книгата  шокираше голем број луѓе, а тогаш нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг не сакаше да ги коментира тие наводи.
Но, после некое време, одлучил да ја раскаже својата страна. Никогаш не помислил дека нивниот брак ќе се претвори во полигамен, и тоа не е нешто што тој сакал да се случи.

„Не сакав да водиме отворен брак, но сметав дека доколку бидам против тоа, дека ќе дојде до развод, па одлучив да се обидеме бидејќи можеби нешто добро ќе излезеше од тоа за нас двајцата“, вели Скот.
Една од причините поради кои Робин сакала отворен брак е и таа што Скот не сакал да стане татко. Во еден  момент, тој се одлучил и за пермаментна контрацепција, односно вазектомија, и тогаш на неговата жена ѝ станало јасно дека покрај него никогаш нема да може да роди деца.
„Легнав во кревет и помислив како после мене ништо нема да остане и дека нема да имам никого. Одлучив да го живеам животот. кога не можев да го имам она што го сакам, ќе го имам она другото“, објаснила таа во книгата.

Со оглед на тоа дека не можеле финансиски да ги издржат трошоците за развод, Робин во текот на неделите живеела во друг стан, а за викенд одела кај сопругот, каде живееле како и секој друг брачен пар. Правилата биле и двајцата да практикуваат сигурен секс со други личности и да не се впуштаат во врска  со познаници.
Таа дури и објавила оглас на интернет во кој себеси се опишала како професионална, образована и атрактивна жена, која  е во отворен брак и бара  маж кој ќе ја истражи нејзината сексуалност. И додека таа сосема отворено во книгата пишувала за сексот со други мажи, Скот се гледал со други жени, но во кревет завршил само со една.

На крајот, бракот не можел да ги издржи ваквите околности, а Робин се вљубила во еден маж со кој се гледала, додека Скот денес е во среќна врска со друга жена и вели дека на отворен брак се согласил бидејќи знаел дека нивниот однос нема иднина.Кога Робин Риналди ја напишала својата книга „Good Girl“, открила детали од својот брачен живот со Скот Манисфелд кој траел 17 години,

Пронајдете не на следниве мрежи: