Всушност, малку сало на стомакот и не е на одмет бидејќи ги штити желудникот, цревата и останатите органи, но маснотиите во големи количества не се здрави! Наслагите од салото патуваат кон жилите и органите, па можат да предизвикаат сериозни проблеми како што се болести на срцето и дијабетес.Ова се причините поради кои не можете да се ослободите од масните наслаги на стомакот:
Ги избегнувате сите маснотии. Истражувањата покажале дека, додека се држи диета, не треба скроз да се избегнуваат маснотиите како што се оние кои се наоѓаат во јаткастите плодови, маслиновото маслo или во авокадото. Овој тип маснотии го поттикнуваат топењето на масните клетки, објаснува д-р Дејвид Кец од Центарот за превенција и истражување на Јејл. Затоа, во менито слободно вклучете го мононезаситените масни киселини кои ги има во маслиновото масло и незаситените омега-3 масни киселини од рибата, морските плодови, јаткастите плодови, семињата од лен и лененото масло.
Во дeпресија сте. Луѓето кои покажуваат симптоми на депресија, склони се да имаат сало на стомакот. Ова истражување го спрoведе Универзитетскиот медицински центар Раш. Депресијата е често поврзана со недостатокот на физичка активност и со нездравите навики во исхраната. Затоа, вежбајте!
Нездрави грицки. Чипсот, слатките, зачинетата и засладена храна, влијаат на таложењето на сало на стомакот. Со конзумирањето на таквата храна се зголемува нивото на шеќер во крвта што предизвикува зголемено лачење на инсулин – хормонот кој го поттикнува црниот дроб да складира маснотии во стомакот. Наместо тоа, одберете да јадете овошје и поздрави грицки.
Недостаток на магнезиум во исхраната. Едно истражување кое беше спроведено во 2013 година, покажало дека лицата кои конзумирале повеќе намирници збогатени со магнезиум – како што се зелен зеленчук, банана или соја, имале помало ниво на шеќер во крвта и помало ниво на инсулин.
Зависници сте од газирани пијалаци и хамбургери. Многу истражувања покажале дека луѓето кои редовно конзумираат газирани пијалаци, имаат повеќе сало на стомакот. Наместо тоа, одлучете да пиете вода или да јадете риба.
Алкохол. Бидете внимателни со алкохолните пијалаци, бидејќи се преполни со калории.
Не вежбате доволно. Истражување од 2012 година покажало дека жените кои редовно вежбаат јога, имаат потенка половина и помалку сало на стомакот. Ова посебно се однесува на жените над 40 години, а на сите им е познато дека колку повеќе старееме – толку побавно ги губиме килограмите. Битно е и добро да се испотите за време на вежбањето.
*Јадете зеленчук и овошје со живи бои. Овошјето и зеленчукот со живи бои се преполни со витамин Ц кој го намалува количеството на кортизол. Исто така, едно истражување објавено во „The Journal of Nutrition“, покажало дека лицата кои конзумирале повеќе овошје и зеленчук со црвена, портокалова и жолта боја, имале и помалку сало на стомакот.Ова се причините поради кои не можете да се ослободите од масните наслаги на стомакот:
Ги избегнувате сите маснотии. Истра


