Размислувањето за минатото се сведува на нешта и настани за кои би сакале да имаат поинаков исход. Понекогаш и воопшто не е лошо да се размислува за направените грешки, но непрестаното размислување за нив е знак дека е крајно време да го смените ставот за минатото и да започнете да живеете во сегашноста.Еве неколку добри причини за тоа:
1. Лошо здравје
Негативните мисли бавно, но сигурно го нарушуваат здравјето. Бројни истражувања покажале како луѓето кои премногу размислуваат за минатото, имаат тенденција да имаат полошо здравје од оние кои се воздржуваат од тоа. Живеењето во минатото често доведува до тежина, депресија, хроничен стрес и замор, несоница, но и нарушување во исхраната.
2. Неможност за промени
Кога главата ќе ви биде преплавена со размислувања за минатото, пробајте да го направите овој трик: присетете дека ја немате моќта да ги менувате настаните од минатото и дека залудно се оптоварувате. Никој ја нема таа моќ.
Единствената работа која што можете да ја направите, е го прифатите минатото и да ги научите лекциите од него. Но, постојат начини како да се ублажат последиците од минатото, а тоа е активно да работите на подобрувањето на сегашноста. Фокусирајте се на тоа.
3. Уништување на врски
Простувањето е една од најважните работи кои треба да се научат во текот на животот, бидејќи никој не сака да биде сам. Без простувањето ќе станете токсична личност, која на другите луѓе ќе им биде идеална само за избегнување. Никој од нас не сака да биде огорчен, па затоа не допуштајте минатото да ги уништи вашите сегашни односи.
4. Пропуштање шанси
По некој лош настан, обично сите имаат тенденција да се затворат во соба, да му бидат лути на целиот свет и да не излегуваат од неа. Можете и добро да се исплачете, а потоа да продолжите понатаму во потрага по нови предизвици и шанси.
Со затворањето во соба никогаш нема дознаете нешто ново или да искористите некоја дадена шанса. Вам ви останува да одлучите што ќе направите.Еве неколку добри причини за тоа:
1. Лошо здравје
Негативните мисли бавно, но сигурно го нарушуваат здравјето. Бро



