ВНИМАВАЈТЕ: Мислите дека користите ЗАЧИН, но во прашање е ОТРОВ

Сувата мешавина на зачини се наоѓа на полиците во кујната на речиси секое домаќинство, но ретко кој знае дека овие теглички всушност се полни со отрови. Доволно е само да го прочитате составот, па да ви биде јасно дека содржината на оваа мешавина е погубна за здравјето.Решивте да направите здрав ручек па на пример готвите диетална варена зелка или ориз, и што додавате од зачини? Ако сте како повеќето домаќинки веројатно самата рака ви посегнува по мешавината зачини. Но, би требало да знаете дека само една лажичка од овој додаток, од здрав ручек правите нешто многу нездраво.
Ваквите мешавини пред се се полни со сол, а не е изоставен ни шеќерот. Имено, тешко дека ќе најдете некоја мешавина зачини во кои на прво место не се наоѓа солта, а веќе на второ или трето другата бела смрт – шеќерот! Дека ова е најлоша можна комбинација потврди и нутриционистот Бранка Мирковиќ.
– Солта сама по себе не е лоша ако се внесува контролирано. Секојдневно мораме да ја внесуваме, бидејќи без неа нема живот, но потребно ни е само околу 3 грама. Затоа најголем проблем е кога солта е така сокриена, а посебно е лошо кога се комбинира со друга „бела смрт“, со неа баш лесно се претерува и јадењето станува нездраво, – истакнува таа.
Токму тоа се случува во мешавината зачини, но тие нездрави намирници се прецизно скриени зад сликата на зеленчукот кој се наоѓа на сликата. Рака на срце, тука има и по некој сушен зеленчук, но само погледнете како изгледа составот на еден зачин кој можете да го најдете во продавниците.

 
Состојки: Сол, шеќер, подобрувач на вкусот, натриум Л глутаминат, сушен зеленчук минимум 8% (лист од магдонос, лист од целер), бибер, природни бои – рибофлавин и куркумин.
Што значи, во пакување од 100 гр ќе добиете најмногу 10 гр зеленчук,а останатото е сол, шеќер и подобрувачи на вкусот, меѓу кои глутаминатите се најлоши и се доведуваат во врска со многу болести. За жал нема да најдете ниту една мешавина од зачини која не содржи глутаминати и други адитиви.
Користете вистински зачини
Решението е едноставно – направете своја мешавина од зачини! Храната солете ја онолку колку што ви е потребно, а потоа зачинете ја со чисти зачини во чиј состав треба да пишува 100%. Значи ако користите куркума, нека биде 100% куркума, а не мешавина со додаток од истата.
Што се однесува до зеленчукот, многу е полесно и подобро да додадете свеж зеленчук, а сушени зачини без додатоци можете да најдете во секоја продавница. Ако може да им се верува на оние кои пробале – храната всушност има многу подобар вкус кога ќе ја заобиколите непотребната сол, шеќер и адитивите. Решивте да направите здрав ручек па на пример готвите диетална варена зелка или ориз, и што додавате од зачини? Ако сте како повеќето домаќинки вер

Пронајдете не на следниве мрежи: