Девојчето од Чиле, кое страда од тешка и неизлечлива болест поради која неодамна побара од власта да ѝ дозволат да подлегне на еутаназија, сепак сака да живее, соопштил нејзиниот татко.Фреди Мауреира изјавил дека неговта 14-годишна ќерка Валентина се предомислила, откако разговарала со неколкумина кои ги погодил нејзиниот апел.
Девојчето кое страда од цистична фиброза изјавила дека тие ја навеле да „го промени начинот на размислување“.
Видето во кое Валентина ја моли чилеанската претседателка Мишел Башел да ѝ дозволи еутаназија минатиот месец го потресе светот.
Башел, која е школуван педијатар, го посетила девојчето, но ѝ рекла дека не може да ѝ ја исполни желбата.
Фреди Мауреира рекол дека на мислењето на неговата ќерка најмногу влијаела посетата на едно семејство од Аргентина, чии деца боледуваат од неизлечлива болест на белите дробови, но и една пациентка која со цистична фиброза го дочекала и 20-от роденден.
Братот на Валентина починал кога таа имала само 6 години.Фреди Мауреира изјавил дека неговта 14-годишна ќерка Валентина се предомислила, откако разговарала со неколкумина кои ги погодил нејзиниот апел.



