„Имам само 24 години, а веќе ја одбрав својата последна вратоврска. Онаа која ќе ја носам на сопствениот погреб, за неколку месеци. Можеби нема да ми прилега со оделото, но мислам дека совршено се вклопи со пригодата“, пишува меѓу останатото, едно 24-годишно момче кое ја објавило на интернет својата последна порака откако дознало дека наскоро ќе почине. Пораката која следи, под назив „MyLastTie“ (Мојата последна вратоврска) со причина станала хит на социјалните мрежи.
„Диагнозата (рак) стигна предоцна за да имам време да се надевам на подолг живот, но сфатив дека и онака најважна работа е да го оставите светот подобро место од она каков сте го затекле. Мојот досегашен живот нема да донесе некоја поголема промена, бидејќи не правев ништо премногу значајно. Но кога сфатив уште колку малку време имам, работите станаа појасни. Сфатив што навистина е важно. И, всушност ова го пишувам од малку себична приказна. Сакам да му дадам смисла на својот живот така што ќе ја споделам оваа порака со вас.
Не губете време на работи во кои не уживате.
Очигледно е дека нема да успеете во нешто доколку тоа не го сакате. Трпението, страста и посветата доаѓаат само доколку го сакате она што го правите.
Глупаво е да се плашите од туѓото мислење
Стравот ве слабее и парализира. Доколку му допуштите, само ќе расте, се додека не ве превземе потполно. Слушајте го својот внатрешен глас и следете го. Некои ќе ве сметаат за луди, а некои во вас ќе видат легенда.
Превземете контрола над својот живот
Превземете одговорност, ограничете ги лошите навики. Занимавајте се со некој спорт кој ве весели. Вашиот живот нека го обликуваат вашите сопствени одлуки, а не туѓите.
Ценете ги луѓето околу себе
Пријателите и семејството се непресушен извор на сила и љубов. Не ги земајте „здраво за готово“…
Ова момче признава дека не му е тешко да опише што чувствува, дека не чувствува лутина и дека се обидува да им даде малку подлабока смисла на последните денови. Она за што навистина жали е фактот дека нема да види некои кул работи кои ќе се случат во иднина, но и да посведочи за позитивните општествени промени, крај на војни и слично. Еве што уште додал во својата порака:
„Се грижиме за здравјето, но потоа сфаќаме дека телото е една кутија, место во кое ја сместуваме својата способност, мисли, верувања, намери. Можете само да чекате да се случат работите, а можете и сами да ги придвижите. Зависи од вас.
Оставете трага, имајте смисла во животот. Местото кое го напуштаме е прекрасно игралиште, на кое се е можно. Но – не сме овде засекогаш. Нашиот живот е кратка искра на оваа мала прекрасна планета која талка по вселената… Затоа, уживајте. Страствено. Направете ги работите интересни. Направете ги вредни.
Ви благодарам“Пораката која следи, под назив „MyLastTie“ (Мојата последна вратоврска) со причина станала хит на социјалните мрежи.
„Диа



