ИСПОВЕД НА ДЕТЕ НА ЛЕЗБЕЈКИ: „Ме одгледаа две жени, на никому не би му посакувала да поминува низ тоа“

„Геј заедницо, јас сум вашата ќерка. Мајка ми ме одгледа со нејзината партнерка. Пишувам зошто не ги поддржувам истополовите бракови.“- напишала Хедер Барвик за Телеграф, конзервативна американска публикација.Хетер Барвик од Јужна Каролина, жената која ја одгледале две лезбејки, предизвикала контроверзија откако таа јавно отстапила против истополовите бракови. Американката кажува дека се противи на геј браковите бидејќи пропуштила покрај себе да има татко покрај кого ќе расте.
Покрај тоа што во своите дваесетти години ги поддржувала геј браковите, 31 годишната мајка на четири деца кажува дека се променила.
„Другата мајка никогаш не можеше да го замени таткото кој го изгубив“- кажува Барвик.
Нејзината мајка го оставила нејзиниот татко кога Хедер имала две или три години за да биде во врска со друга жена. Иако партнерката на нејзината мајка се однесувала кон неа како да и е вистински родител сепак на неа и недостигал многу нејзиниот татко.
„Отсутноста на татко ми во мене предизвика голема празнина која ме болеше секој ден“- кажува Барвик, признавајќи дека нејзиниот татко не би баш најдобар родител  и дека не ја посетувал.

„Истополните бракови и родители подразбираат или мајки или татковци и тврдат дека тоа е во ред и не е важно но не е исто!“- кажува Барвик.
Барвик исто изјавила и дека нејзината рана поради изгубениот татко се зацелила дури кога започнала да оди во црква со идниот сопруг, а животот со двете мајки и оставил долгорочни последици.
„Не сум геј, но љубовниот однос ми е однос жена со жена, па незнаев како да идам во врска со мојот маж“- изјавила нејзината мајка.
Барвик исто така е една од шестте деца од геј браковите кои потпишале јавно писмо како поддршка за оваа недела за дизајнерите на Долче и Габана поради контроверзните изјави за истополовите родители.Хетер Барвик од Јужна Каролина, жената која ја одгледале две лезбејки, предизвикала контроверзија откако таа јавно отстапила против истополовите бр

Пронајдете не на следниве мрежи: