Направете го ова и ОСТАВЕТЕ ГО МИНАТОТО зад вас: Совет од мудрец кој му го сменил животот на еден човек!

Еден човек длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото каде што небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш бил на иста оддалеченост.Секој од нас понекогаш е заробен во магичен круг на празно секојдневие, страдање, мачни односи и оптоварувачки обврски. Секому му е потребна малку мудрост за да го врати својот живот на вистинскиот пат.
Човек го прашал мудрецот: „Како да излезам од магичниот круг на празното секојдневие во кое нема ни љубов, ни среќа?“.
Мудрецот му одговорил: „Од кругот можеш да излезеш само на она место каде што се спојуваат почетокот и крајот!“.
Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по место каде што небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш бил на иста оддалеченост. Уморен од сѐ, тој седнал на брегот покрај океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот му одекнувале во ушите.
Долго седел на брегот, набљудувајќи ги сонцето и облаците, а навечер месечината и ѕвездите. Конечно го видел своето минато и иднина како се спојуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.

Тој го знаел одговорот. Не постои место на светот каде што почетоците се спојуваат со краевите, но на секое место крајот се влева во нов почеток во еден одреден момент.
Тој повторно го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одлучен во намерата да научи да го контролира времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.
Човекот го прашал мудрецот: „Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот. Што треба да сторам?“.
Мудрецот му одговорил:
„Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај го моментот кога сонцето ќе тргне да се качува на хоризонтот и тогаш остави ги страдањата зад себе.
Ако во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да тргне да се качува на хоризонтот и во наредните три дена прави го тоа што би сакал да го правиш до крајот на животот.
Ако твоето минато е исполнето со мачни односи, тогаш побарај нови луѓе и тргни со нив во својата иднина, а сите други остави ги зад себе и не гледај наназад.
Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи го она што би те усреќило, колку и да е малечка таа работа. Верувај дека ќе се прошири низ целата твоја иднина.
Ако во твојот живот немало љубов, во еден момент со копнеж погледни во сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот.“
Човекот се заблагодарил и тргнал по својот пат. Никогаш повеќе не го посетил мудрецот.
Оставете ги вашите стари маки зад вас, понесете го со себе она со што би сакале да ја исполните вашата иднина. Ако тоа го направите, ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот.
Барем така вели старата легенда за човекот и мудрецот.Секој од нас понекогаш е заробен во магичен круг на празно секојдневие, страдање, мачни односи и оптоварувачки обврски. Секому му е потребна малку

Пронајдете не на следниве мрежи: