БИЛА ОДЛУЧНА ДА СИ ЈА ПРОНАЈДЕ БИОЛОШКАТА МАЈКА: Не ни помислила каква ужасна тајна ќе дознае!

Жената, која по раѓањето била дадена на посвојување, при потрагата по нејзината биолошка мајка дознала дека е зачната со силување.Џоан, мајката на Ребека Кеслинг, пред 40 години размислувала за прекин на бременоста, но сепак одлучила да го роди бебето и да го даде на посвојување. Ребека од Мичиген (САД), знаела дека е посвоена, но причината поради која била дадена на посвојување ја дознала кога тргнала да ја бара биолошката мајка.
„Секој ден би претставувал потсетување на немилиот настан ако не ме дадеше на посвојување. Сега не ме зачудува зошто го направи тој чекор. Сите овие години сакав да ги пронајдам моите биолошки родители. Сега знам дека мојот татко бил силувач и дека сум плод од најлошиот настан во животот на мојата мајка“, вели таа.
Но, таа конечно се запознала со нејзината биолошка мајка и сега се блиски.
„Ми беше природно Џоан да ја наречам дека е моја мајка уште при нашата прва средба. Таа ми возврати дека ме гледа како благослов. Среќна сум што испадна нешто добро од толку лош настан“.
Џоан (77), била воодушевена од средбата со ќерката, па дури и се појавила на нејзината венчавка.

Ребека знаела дека е посвоена
„Отсекогаш се прашував од каде дојдов. Моите родители беа строги и не наликував на нив. Се чувствував како да немам идентитет и очајно се обидував да дознаам повеќе за мојот живот. Тие ми рекоа дека имам полубрат и полусестра, така што претпоставив дека можеби сум резултат од вонбрачна афера или дека мојата биолошка мајка е вдовица“, продолужва Ребека.
Меѓутоа, државата Мичиген го заштитува идентитетот на жените кои ги даваат децата на посвојување. По промената на законот, Ребека можела да ги дознае само основните податоци за нејзините биолошки родители.
„Кога наполнив 18 години, можев да побарам информации како на пример: која е бојата на очите на моите биолошки родители или колку се високи. Но, никако не можев да го откријам нивниот идентитет. Дента по роденденот се јавив во Окружниот суд на Оукленд. Сѐ што можев да дознаам е дека мојата мајка имала 31 година кога ме родила, дека има кафеава коса и очи со боја на лешник. Мојот татко беше наведен како белец и крупен човек. Ништо повеќе“.
Описот на нејзиниот татко ја вознемирил
„Разговарав со мојот социјален работник, кој потврди дека сум зачната со силување“.
Но, таа сѐ уште сакала да ја запознае нејзината биолошка мајка, па преку судот ѝ пратила писмо. Таа добила одговор и го дознала целото име на мајка ѝ, како и нејзиното име кое го добила по раѓањето – Џуди Ен Миракл.
Кога конечно се сретнале, Џоан ѝ раскажала дека била нападната кога ноќе се враќала од продавница и дека напаѓачот ја одвлекол до околното поле.
„Таа ми рече дека се плашела дека ќе ја убие, бидејќи имаше нож. Беше среќна што преживеа“.
Напаѓачот не бил откриен, а Џоан открила дека забременила.
„Абортусот беше илегален во Мичиген. Таа ми призна дека би абортирала доколку беше поинаков законот. Тоа навистина ме вознемири“, наведува Ребека.
Ребека по средбата се преселила во нејзина близина и продолжила да студира право.
Кога дојде денот за нејзината венчавка, Џоан била покрај неа. Ребека им раскажала и на своите деца за тешката судбина. За жал, нејзиниот одност со родителите кои ја посвоиле не бил доволно цврст, па го прекинале контактот.Џоан, мајката на Ребека Кеслинг, пред 40 години размислувала за прекин на бременоста, но сепак одлучила да го роди бебето и да го даде на посвојува

Пронајдете не на следниве мрежи: