63- годишна жена е погласена за виновна бидејќи го убила својот сопруг, го исекла, а неговата глава ја ставила во торба и ја носела од куќа до куќа седум години. Лорета Буроугс се преправала дека нејзиниот сопруг Даниел избегал со љубовницата на Флорида од куќата во која живееле во Њу Џерси. Но, убиството кое се случило во 2007 година било откриено кога братот на Даниел го пријаил неговото исчезнување во полиција, а таа била под истрага поради проневерата која ја направила по неговото исчезнување.
Кога полицијата дошла во нејзината куќа, прашала дали планираат да ја пребараат и нејзината нова куќа. Кога ѝ рекле дека веќе ја пребарале, нејзиното однесување потполно се променило.
Пребледела, ги кршела прстите на рацете и стана многу нервозна.
Кога истражителите стигнале во куќата, детективката Каолин Мекдоналд во гостинската соба пронашла две големи кутии замотани во повеќе пластични вреќи за ѓубре. Кога сакала да погледне што има внатре, го препознала мирисот на распаднато тело, па го повикала патологот.
Кутиите биле пренесени во мртовечница, а во нив биле пронајдени остатоците од телото на Даниел.
Форензичарот рекол дека деловите од телото биле замотани во освежувачи за воздух, а ставила и мирисни топчиња за да го прикрие мирисот на лешот.
Исто така пронашле женска торба. Во неа биле черепот и вилицата.
Заклучиле дека Даниел е убиен а токсиколошките наоди покажале дека во неговото тело имало и наркотици, меѓу кои и амфетамин.
На поротата ѝ биле потребни два часа да ја осудат Лорета за убиство од прв степен. Сега се соочува со можна казна од доживотен затвор, а пресудата треба да биде изречена следниот месец.Лорета Буроугс се преправала дека нејзиниот сопруг Даниел избегал со љубовницата на Флорида од куќата во која живееле во Њу Џерси. Но, убиството ко



